Фреска со гробот на Александар Македонски во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с.Сливница. Текст: Весна Стојаноска
Спектакуларно откритие идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори. Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Македонски...
...освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори.
- Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже.
Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/15839-manastirot-rozhdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-s-slivnica