Title : Митрополит Атанасиј Лимасолски:Бракот е љубов, а не диктатура – (V дел)

Митрополит Атанасиј Лимасолски:Бракот е љубов, а не диктатура – (V дел)

Example User · 8 months ago

    0 minutes, 3 seconds


 3.angeli.so.truba

Нема да заборавам никогаш – трагичен е примерот што ќе ви го кажам, тажно е, не сакам да го кажувам, но еден човек се самоуби затоа што девојката којашто ја љубеше го измами. Тој ѝ остави писмо, кое девојката не го покажа на никого. Ми го донесе мене и јас го прочитав. Толку многу се нажалив, почувствував огромна болка за тој млад човек. Сметам дека не бил во право. Добро, можеби и навистина го предала, т.е. засакала друг. Ако овој младич не ја беше претворил во идол девојката, туку да ја беше засакал со сфаќањето дека и таа е човек, немаше да се самоубие. Си ги положил надежите во неа, но и таа е човек. Може другиот да се разболи, може да загине, може да не те љуби веќе, зарем треба да си го уништиш животот, самиот себеси? Ѝ напишал:

„Мојот живот нема смисла без тебе!“

Трагично е да се кажуваат такви зборови, односно смислата на животот, на нашето постоење не се сведува на една девојка, еден маж, па дури ни на нашето дете. Каде остана нашата апсолутна врска со Бога? Каде исчезна таа апсолутна врска со Бога? Зарем не сфаќаме дека сето тоа се релативни нешта и релативното не може да стане апсолутно. Апсолутен е само Бог. Не можеме да ги апсолутизираме релативните работи. Еден човек во даден момент нема да може да одговори, ќе се оддалечи, дури и ќе умре, што да правиме? Ниту сме бесмртни, ниту непроменливи. Не можеш да го идолизираш другиот човек, не може смислата на твојот живот да е учењето, здравјето, над сè здравјето!

Еве малку црн хумор. Отидовме во болницата. Дојдоа новинари и прашаа: „Какви се Вашите пожелби?“ Очекуваа попот да каже нешто за Царството небесно. Природно, одговорот ми беше во таа насока. Не му обратија големо внимание. Некој друг се јави: „Здравјето над сè!“ А, каде бевме? На интензивно. Ако имаш здравје, имаш сè! Море, нели ти е срам! Овие тука кутрите на интензивно се! Односно, болните луѓе ништо ли немаат? Како оние безумните пораки против наркотиците. Насмевни се-животот е убав! И покажуваат некаков постер со двајца вљубени кои среќно се смешкаат. Добро, знаете ли што рече еден зависник? Кога ги гледа тие работи, го фаќаат нерви и се чувствува како некој да го удрил по главата. Исто како на некој гладен човек којшто нема леб да му велиш: „Јади леб, многу е вкусен!“ Ама, каде е лебот? Јас леб немам, здравје немам, а ти сега ми пожелуваш пред сè здравје! Значи, ако немаш здравје, немаш ништо!? Ако сум на умирање, ништо ли немам? Ми ја отсекоа ногата, ми ја отсекоа раката – има ли веќе смисла мојот живот? Добро, господине, кога веќе му даваш првостепено значење на здравјето, утре кога ќе се разболиш, што ќе правиш? Во еден момент ќе се разболиш, на 30 години си здрав, на 40 првите аларми почнуваат да се вклучуваат, на 45-50 започнуваат операциите, и таблетите и болниците. Каде ќе отидеш? Не си нетленен, носиш смртно тело. Истото нешто се случува и тука, не можеме да го идолизираме другиот човек. Добро е да не ги претвораме луѓето и предметите во идоли, многу добро. Но, гледаш некои кои се ожениле за науката, за кучето, за мачката. Друг се жени за парите, може и да е женет и да има деца, но брои пари и дење и ноќе. И ништо не дава, сака да си ги понесе со себе. Така е, секој се жени за она што го сака. Ако неговата врска е слободна, не се заробува од тие нешта, нема проблем. Но, во оној момент кога ќе се пороби и создаде идоли, тој ја губи својата вредност.

Следствено, кога љубовта кон Бога ѝ претходи на љубовта во бракот, тогаш човек не е во опасност. Тој гради правилно, исклучително здраво и станува надежна и непоколеблива глава на семејството.

 (Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-part-5/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23516-v-2

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ -геноцид без преседан и аналогија!

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ! Секаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет. Околу нас се случува војна, непрестаjна и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џел...

Image Description
5 months ago

МИКРОБИОЛОГИЈА– ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ИСТА ЛАЖИЦА

  МИКРОБИОЛОГИЈА– ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ИСТА ЛАЖИЦА    „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ – возгласува свештеникот или ѓаконот, изнесувајќи го од олтарот на амвонот Путирот со Светите Дарови.   Православните верници се причестуваат. И некој задолжително ќе се обиде да ја п...

Image Description
8 months ago

ДИЈАЛОГ!

ДИЈАЛОГ …Како член и свештеник на православната Црква верувам оти Црквата, внатре во која сум крстен и пораснат е Црква, вистинска Црква, единствена вистинска Црква. А верувам во тоа од многу причини: од мое лично убедување и заради највнатрешната потврда на Духот кој дише во Тајните на Црквата и за...