Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Example User · 4 years ago

    1 minutes, 55 seconds


 TVITer767

Митрополит Струмички Наум:
Гноми, т.е. мислење (03.02.2021 14:52)


Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства... Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев.
Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење. Божествената Ипостас не може да размислува, во смисла да се колеба и двоуми помеѓу доброто и злото; а Ипостаста на Синот е единствен слободен носител на волјата и на енергијата на Богочовекот, т.е. единствен субјект на одлучувањето.
Христовата Личност, т.е. Ипостас, никогаш не манифестирала дејствување на гномичката, т.е. паднатата волја, во неа нема никаква примеса на гревот.  


Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.
 Според свети Максим Исповедник, соединувањето и соработката на двете волји, Божјата и човечката, ипостасно и совршено е остварено во воплотениот Син Божји – Исус Христос, затоа човековото слободно и свесно прифаќање на оваа соработка, во Црквата, е единствен услов за негово спасение и обожение.

Гледаме дека патот кон обожението на човекот подразбира содејство и восогласеност на двете волји и, се подразбира, енергии – човечката и Божјата, а пред сѐ, суштинско преосмислување на нашата падната гномичка волја во Божествената волја.
Како да ја препознаеме Божјата волја, прашање што го предизвикува секој христијанин низ вековите? Зависи на кој степен од духовниот развој или од душевното разболување се наоѓаш – некогаш не можеш сам, а некогаш можеш.
Ако си на некој од степените на душевното разболување: демоноопседнат, религиозен социопат или религиозен невротичар; и ако си на првиот степен од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, тогаш нема што ти да препознаваш или толкуваш, затоа што не можеш. Ти си должен да го прашаш својот духовен отец (во крајна инстанца тоа е Епископот на локалната Црква) и тој ќе ти каже. Нормално, ти, ако не си веќе многу опрелестен – ќе послушаш.

Ако си на вториот или третиот степен од духовниот развој, т.е. ако си достигнал просветлување на умот – со дарот на аскетската умно-срдечна молитва, или ако си достигнал обожение – со дарот на непрестајната, т.е. благодатната умно-срдечна молитва, тогаш ти имаш доволна просветленост на умот, односно имаш способност и самиот да ја препознаеш Божјата волја, како и сила да ја извршиш.


Пресвета Богородице, спаси нѐ!


Митрополит Струмички Наум

 Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23920-mitropolit-strumichki-naum-gnomi-t-e-mislenje-03-02-2021

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

     Свадбена облека (25.09.2021 15:59)Свадбата за која ни говори денешното евангелие (Матеј 22, 2–14) е Царството Небесно, чиј предвкус е даруван во Црквата Христова за оние што ќе ја прифатат поканата, за оние што се подготвени, за оние што имаат свадбена облека; не за оние шт...

Image Description
4 years ago

Поради нив светот сѐ уште и постои! – Потсетник за Богојавление (Митрополит Наум)

Потсетник за Богојавление (17.01.2021 16:58) На две вистини да се потсетиме. Прва, на Богојавление за првпат доаѓа до израз Тајната на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство – во ликот и делото на свети Јован Крстител. Свети Јован Крстител не е носител на официјалното и институц...

Image Description
11 months ago

БEСEДА за визијата на нeвидливиoт свeт

Ниe гo глeдамe oвoј матeријалeн и минлив свeт, нo глeдамe и на oнoј, духoвниoт и бeсмртниoт свeт.Ниe гo глeдамe зeмнoтo вeсeлиe, чeстoпати прeкинуванo сo плач и вoздишки, и на крајoт сeкoгаш завршeнo сo смрт, нo ниe глeдамe и на духoвната радoст мeѓу ангeлитe и Бoжјитe свeтитeли на нeбeсата, на нeпр...