Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 54 seconds


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


     

Свадбена облека (25.09.2021 15:59)

Свадбата за која ни говори денешното евангелие (Матеј 22, 2–14) е Царството Небесно, чиј предвкус е даруван во Црквата Христова за оние што ќе ја прифатат поканата, за оние што се подготвени, за оние што имаат свадбена облека; не за оние што не сакаат, т.е. не можат. При аскетско-исихастичкото толкување на денешното евангелие се издвојуваат неколку моменти:

            Прво, однесувањето на повиканите согласно нивните страсти.

            Едните од нив го одбиваат повикот затоа што одат на нива. Тие се олицетворение на страста сластољубие. Ним им е поважно тоа со коешто времено ќе ги наполнат своите стомаци, отколку грижата и љубовта што Бог ги покажува кон нив, канејќи ги на непропадливата трпеза на свадбата на Својот Син во Царството Небесно.

Другите што не се одѕиваат на повикот се оние што одат по трговија. Очигледно, таквите Го одбиваат Бог заробени од среброљубието и претставуваат олицетворение на таа страст. Нивниот бог се материјалното богатство и парите.

Третите од оние што биле повикани, кои ги исмеале и ги убиле слугите на Царот, се олицетворение на страста славољубие. Како што знаеме од Писмото, тоа се старозаветните свештеници, книжниците и фарисеите што Го предаваат Господ Исус Христос на смрт, но и некои од новозаветните – кои Го убиваат Христос во душите на луѓето, плашеjќи се за својата човечка слава, која со Неговото присуство бива крајно засенета („Ете, цел народ тргна по Него...“). А и кој друг освен тие што имаат позиции и власт, а немаат внатрешно духовно покритие за истите?

            Како и во минатото евангелско четиво што го чувме така и во ова, преку евангелските случувања пред нас се пројавуваат трите главни вида страсти: сластољубие, среброљубие и славољубие, кои во многу го одредуваат однесувањето на луѓето кои се заробени од нив.

            Втор момент што се нагласува во оваа парабола е тоа што не сите што одговориле на поканата и дошле имале свадбена облека.

            Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат. Инаку, како духовно ќе го водат народот Божји? Кај Светиите, умот, душата и целото тело се толку многу преобразени и обожени што со своите очи ја гледаат и несоздадената Божја светлина.

            И третиот момент што се нагласува е молкот на гостинот без свадбена облека.

            Господ никого не остава без можност за спасение, дури и до последниот момент. Кога Господ веќе му се обраќа на необлечениот во свадбена облека со зборот „пријателе“ и кога со таа постапка веќе му дава можност за комуникација и заедница со Него, редно беше, пред сè, да одговори, а спасително ќе беше да каже едно „прости“. Но, оној што нема направено ништо за да се здобие со свадбена облека, односно што нема направено ништо за да изгради лична заедница со Господ, тешко ќе научи како, всушност, се постапува во тој клучен момент. Или што да одговори епископ кој наместо да го води народот кон Царството Небесно и наместо да се грижи за единството на Црквата, тој проповеда национализам и спроведува државни политики во меѓуцрковните односи?

„Тогаш царот им рече на слугите: ’Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби; зашто, мнозина се повикани, а малцина – избрани‘.“

            Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Извор: МП-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24487-25-09-2021

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Велики Четврток

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: Земете, јадете, ова е Моето Тело. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата Крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите” (Матеј 26: 26-28) ВО ИМЕТО НА...

Image Description
3 years ago

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (13.02.2022)

(Архива на Преминпортал) ( Скопје, 21ви февруари 2021 г.- храм на св.Јован Крстител Недела на митарот и фарисејотЕвангелие според Лука зачало 89Лука 18, 10-14 Во името на Отецот, Синот Светиот Дух,Од денеска, драги браќа и сестри, ние започнуваме со духовните подготовки за Велигдснскиот пост. Денес...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021 )

Копнеж – духовно да се прогледа (10.01.2021 16:58) Во денешното евангелие (Лука 18, 35–43), слепиот повикува кон Господ Христос: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме“. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите.За овој степен од духовниот развој се карак...