Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 53 seconds


 Zvonko.sv.Vasa10

Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 17:01)

Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37).

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа. Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари. Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.

А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“. Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна...

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7351

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23704-29-11-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Бог – богат – убог

Лука 12, 16-21 Светите преведувачи, закрилници на овој наш храм, светите солунски браќа Кирил и Методиј, просветлени од благодатта Божја, премудро ги преведувале црковните книги, и при тоа, именката Бог ја ставиле во основата на два збора. Првиот случај е со именката б...

Image Description
3 years ago

За лепрозниот Самарјанин (…А целта што се промашува е Самиот Христос) Дедо Наум

За лепрозниот Самарјанин Десетмината лепрозни Го молат Господ Исус Христос и бараат исцеление, а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17, 14). Христос на сите им го покажува најпрво патот на смирението и на послушанието. Деветмината Јудејци тргнуваат да одат според ним позна...

Image Description
3 years ago

Недела по Богојавление

НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ „Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина, и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина“ (Матеј 4: 16) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Денес го слушнавме евангелското четиво кое е одредено да се чита во Неделата по Богојавление, во ко...