Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020 )

Example User · 4 years ago

    1 minutes, 52 seconds


 TVITer576

Митрополит Струмички Наум:
Различни блаженства (19.12.2020 17:50)


Слушајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата:


Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:  
’Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно. Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бог!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на Небесата!‘“ (Матеј 5, 1–12).


Гледате, деца, овие блаженства изречени пред Своите Апостоли, насамо, горе на планината, се разликуваат од блаженствата кои Богочовекот Христос ги говори пред обичниот народ, откако излекува многу болни и опседнати, долу на рамното – како што читаме во денешното евангелско четиво:
„Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е Царството Божјо! Блажени сте вие што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете!“ (Лука 6, 17–22).


Господ Христос на сите им се обраќа согласно нивото на нивниот духовен развој. Оние кои водат природен начин на живот – Апостолите, ги поучува како од просветленост да достигнат обожение, а оние кои водат противприроден начин на живот (растројство, неврози), како и оние кои се наоѓаат на степенот од очистување на своето срце од страстите – неопитниот народ, ги поучува како да достигнат до степен на просветлување на умот и да влезат во природниот начин на живот.
Блаженствата од денешното евангелие се однесуваат на христијаните кои не водат активен духовен живот, т.е. на оние кои волно не се подвизуваат или не се подвизуваат доволно, па затоа се подложни на реални неволни страдања: сиромаштија, глад, страдање (болест) и плач, како и на оние кои ќе претрпат само потсмев и презир, но не и физички прогон, поради Богочовекот Христос.


Затоа Господ, преку устата на Својот пророк Давид, вели: „Не бивајте како коњ или како маска, кои немаат разум, чија челуст со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат“ (Псал. 31, 9).  А ако веќе одлучите да сте, барем трпете – тивко и со благодарност.


Пресвета Богородице, спаси нѐ!


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23766-19-12-2020

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

 Секој сака да е некој, никој не сака да расте (02.01.2021 10:54)Многу луѓе се незадоволни од одредени состојби. Тие состојби може лично да ги засегаат, а може да ја засегаат пошироката јавност, како и целото општество.Сите тие сакаат таквите состојби да се променат и мнозина од нив својата жел...

Image Description
10 months ago

Архимандрит Георгиј (Капсанис) Григоријатски: Болни луѓе, болно општество

Бесполезно е да веруваме дека промената на некои општествени уредби ќе донесе промена кај луѓето без покајание. Болниот човек го разболува општеството и болните општества уште полошо ги разболуваат луѓето. За да ги исцелиме општествените болести без да ја исцелиме личната

Image Description
4 years ago

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв Свeти Атанасиј пишува: “Чија смрт билo кoга ги изгoнила дeмoнитe? И oд чија смрт билo кoга сe плашeлe дeмoнитe какo oд срмтта Христoва? Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти...