Вера во чуда

Example Super-Admin User · 4 years ago

    9 minutes, 52 seconds

Вера во чуда

Во денешното Евангелие за исцелението на десетте лепрозни може да видиме повеќе поенти. Јас би зборувал само за една, за чудата и нашиот однос кон нив.

Обично кога ќе се случи некое чудо, на пример, како што се случи во Скопје пред некоја година, со мироточивата икона, или чудесното чистење на фреските, еден дел од народот, оние воцрковените вистински верници веднаш со радост ја прифаќаат веста. Втората група одат од љубопитност, за да се сликаат и да се фалат дека ете ја виделе таа сензација. Никакво влијание не се гледа во нивниот живот после тоа чудо. А третите длабоко се сомневаат или сосема го отфрлаат чудото. Ќе испитуваат, ќе измислат безброј претпоставки и докази кои се против вистинитоста на чудото, само за да си докажат на себеси и на другите, дека тоа чудо и не е баш чудо. Од друга страна, пак, кога ќе се прошири некаква вест за неморал кај свештенослужителите на Црква, тогаш сите стануваат верници. Ретки се оние кои се сомневаат во таквата информација, само оние малкумина воцрковен верници ќе се помолат за оној кој бил јавно дискредитиран или ќе се обидат да го оправдаат, и ќе продолжат да живеат како христијани, додека пак останатите, ќе фрлат без број отровни стрели и камења по целата Црква, се разбира без испитување или сомнежи, без барање на докази. И во првиот случај со чудото, и во вториот со скандалите, се работи за вера. Вера во Бог или вера против Бог.

Секогаш имало чуда, уште од времето кога Христос Господ проповедал меѓу народот, се случувале многу чудесни настани, од кои делумно се запишани во Евангелието. И во житијата на апостолите има многу чудесни настани, и овие чуда од првиот до дваесет и првиот век не престануваат во Црквата. Бог е жив, Црквата е живо Тело Христово, низ кое течат благодатните животворни сокови на Светиот Дух, и сите кои се хранат од ова тело Христово, постојано ќе бидат сведоци на чудата Божји.

Светите отци на Црквата нѐ предупредуваат и нѐ поучуваат дека вистинско и најголемо чудо е светата Литургија, односно Светата Причест, кога на Бога Му принесуваме дарови од она што Он ни го дал, обични леб и вино, а Бог ги претвора во вистински тело и крв Негови. И ако со вера и претходна подготовка ги примаме, оваа Причест ќе ни биде и нам за осветување.

Второ големо чудо е кога човек грешен ќе се покае, и Бог ќе му прости, и ќе го измие од гревовната нечистотија, и ќе го прими како свое дете. Колку е голема оваа љубов Божја, не можеме ни самите да сфатиме. Некои од светите отци ја нарекуваат луда љубов Божја, бидејќи она што за нас е невозможно, за Бог е можно. Она што за нас е гнасно и грдо, Бог може да го разубави. Оние кои според нашите критериум се лоши, оние кои убиваат, кои крадат, кои прават разни злосторства, и кои според човечката логика и закони заслужуваат казна, Бог им простува и ги прима како свои деца, само ако се покајат. И ќе им прости и ќе ги помилува и ќе ги ослободи од казна. Бидејќи сите сме Негови деца и Он се грижи за сите нас и посакува сите да сме здрави и да сме во Негова близина, а оние кои прават разни гревови, пред Бог се како болни деца, кои поради болеста не знаат што прават.

Овие две чуда се најголеми и најзначајни и нѐ водат кон спасение, и само тие чуда да ги бараме, а секое друго чудо е само мала утеха кога паѓаме во верата, па Бог чудесно интервенира за да нѐ утеши, за да нѐ укрепи да останеме верни до крај.

Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 564.715 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/12/16/vera-vo-chuda/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Владика Методиј: РЕСТАВРАЦИЈА НА ТРАДИЦИИ… (во бадниковата ноќ нашиот град има апокалиптички изглед)

(прекрасен текст како лек против мамурлокот) Каде ни отиде критериумот за автохтоните вредности на празнување? ВЛАДИКА МЕТОДИЈ: РЕСТАВРАЦИЈА НА ТРАДИЦИИ ИЛИ РЕСТАВРАЦИЈА НА ПРИМИТИВИЗАМ Немаме бургерски бек-граунд како Британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме раб...

Image Description
10 months ago

Старец Паисиј Светогорец: Заљубеноста во себе ја уништува љубовта кон ближниот

Денес речиси кај сите луѓе има себељубие, и нема дух на жртвување. Сега господари менталитетот: „само мене да не ми е лошо“. Знате колку е тешко да се гледа кон ближните! Неодамна, во болница, бев сведок на една таква ситуација: требаше да дигнат еден болен што лежеше, за да го преместат во друга со...

Image Description
3 months ago

Која е таа цел?

         „За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само едно обично етичко подобрување за да станеме подобри луѓе.Од друга страна пак, од Евангелиетои од светите Отци ни е пре...