МОЛИТВИ ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ

Example Super-Admin User · 1 month ago

    1 minute, 43 seconds


 МОЛИТВИ ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ



МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ

О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, Царице  на небесата и на земјата. Чуј ги воздишките и грешната молитва на душата моја која ти ја принесувам за мојот духовен отец, многустрадалниот слуга твој (име). Биди му вечна Сопатничка, во секое време биди со него заштитувај

го со светите Ангели. Утврди го, бдеј, чувај го дури спие и теши го кога плаче: бодри го во очајанието и избави го од неволјите, ослободи го од клевети и подигни го во немоќта. Порази ги демоните кои стануваат против него и при смртна опасност биди му Помошничка. Направи го од ден во ден пострашен за видливите и невидливите непријатели, за да знаат дека тој е твој слуга, Богомајко: Ти која си Го родила Господ и Царот наш, Тебе која ти припаѓа чест и поклонение во вековите на вековите, Мајко Божја, омекни ги срцата на злите луѓе кои се креваат против него. Ти ја гледаш тагата и маката на мојот духовен отец и само тебе единствено ти се познати неговите страданија. Ти ги знеш сите тајни на неговата душа. Погледни на него од небото и олесни ги неговите страдања и покри го со милоста своја. Испрати благослов на делата негови и испрати му невидлива помош. По неговите свети молитви, дај ми и мене смирение, самопрекор, трпение, кротост, целомудрие, молчание, и заштити ме од сите искушенија од видливите и невидливите непријатели. Амин! 


МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ

Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец  (име),

не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.

Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, исполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ја Твојата богата милост.

Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и бестелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години, заради нас грешните. О, Пресладок Исусе! Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец (име), оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости им, зашто си Благ и Човекољубив. (Поклон)


Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/05/blog-post_43.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 days ago

Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски

 Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил ГрузијскиЕдно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски , по име Нодар, го раскажа оваа :Отец Гаврил еднаш пројде неколку дена со мене и мојата фамилија. Ја осветивме целата куќа и цела ноќ разговаравме и се молевме. Потоа отец Гаврил кажа: ,,Нод...

Image Description
3 years ago

Значењето на бројаницата

Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси, но и мирјани. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат на сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Т...

Image Description
1 month ago

Трите дејствија на злите духови - Свети Игнатиј Брјанчанинов

Трите дејствија на злите духови - Свети Игнатиј БрјанчаниновЗлите духови водат немилосрдна војна против нас за да нè оддалечат од евангелското однесување, нехристијанското смирение, занесот и духовната теорија, за да го спречат нашето ослободување од јаремот на страстите и нашето воскресение, да не...