Не сме дошле во манастир за некој да ни ја гали суетата… (Митрополит Наум)

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 39 seconds


За самооправдувањето

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето.

Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.

Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваат и да не им судат на другите, не внимаваат дека се самооправдуваат.

Понезабележлива – затоа што, најчесто, тој што се самооправдува не го фаќа моментот на гревот на самооправдувањето.

А потешка – затоа што, за разлика од судењето или осудувањето, тој што се самооправдува, покрај гревот на самооправдувањето, прави и повеќе други гревови, како на пример:

непослушание, лажење, осудување, дрскост, противење на Божјата промисла, отфрлање на Божјата благодат итн. А сето тоа покажува многу лоша душевна состојба.

Ајде, по ред, нешто од нешто.

Кога нѐ прекорува духовниот отец, а ние не прифаќаме, директно Го осудуваме Богочовекот Христос дека нешто греши во однос на нас.

Истовремено, не ја примаме Божјата промисла за нас, не го примаме Божјото слово за нас и со тоа ја одбиваме и Божјата благодат од нас.

Се сеќавате како жената Хананејка го прими Божјото слово за себе, кога Христос ја нарече куче, и како со тоа ја прифати и прими и Божјата благодат и Божјата промисла за себе, и како оздраве нејзината ќерка. Да ве потсетам…

Нема полош грев од самооправдувањето пред духовниот отец. Тоа сведочи за многу суета, доста гордост, високо мислење за самите себе.

Самооправдувањето е пречка за каков било духовен развој и напредок; ја разорува самата суштина на христијанскиот идентитет – преку кој ја споделуваме вината за гревот на целиот свет. Итн.

Сѐ што директно значи самооправдувањето пред духовниот отец, индиректно има значење кога се самооправдуваме пред својот ближен; а тоа е исто…

За монах, пак, што се самооправдува, можам само да кажам дека – напразно дошол во манастир и слободно може веднаш да си замине.

Самооправдување може да се случи само ако духовниот отец побара објаснување, и во никој друг небитен случај.

Самооправдување може да се изведе и без зборови – со говор на тело. Исто така, не треба пребрзо – за време додека некој нѐ прекорува, да побараме прошка, и тоа е вид на самооправдување. Некојпат треба да се почека. Итн., итн.

Доаѓаме во манастир со првична цел да го ставиме умот во процес на исцеление преку послушание кон духовниот отец, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва и просветлувањето на умот; не и потоа.

Во овој процес не треба да паѓаме во логички или во сентиментални замки и да се самооправдуваме.

Логичка замка е ако, на пример, духовниот отец нѐ прекори за нешто кое ние сме го направиле според критериумите на одредено знаење или умешност или занает и, согласно тоа, ние сметаме дека сме во право.

Но, ние не сме дошле во манастир заради, на пример, земјоделие или информатика или иконопис, туку да го ставиме умот во процес на исцеление.

Сентиментална замка е, на пример, ако духовниот отец ни се обрати нервозно.

Исто така, ние не сме дошле во манастир за некој да ни ја гали суетата, туку да го ставиме умот во процес на исцеление, а со тоа и волевиот и желбениот дел на душата; како и чувствата.

Иста е целта и на самото влегување во Црквата – анонимност до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва и на просветлувањето на умот, а не бесрамна – самопромоција, на пример, на социјалните мрежи или општо; која секогаш со себе носи осудување и самооправдување.

Оној што има малку памет, ќе се присети и ќе сфати што зборувам кога спомнувам привремена анонимност; на тој што нема – нема што да се објаснува.

Така што, не може да има истовремено и самооправдување и покајание. Каде што има самооправдување, нема покајание.

Тоа е…
Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит  Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/11/29597/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 months ago

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

    Oти јас нe гo барам вашeтo туку вас (2. Кoр. 12:14).           Сo oвиe збoрoви, штo мoжeла да ги изгoвoри самo тoплата апoстoлска љубoв кoн ближнитe, e искажан oднoсoт на христијанинoт кoн Бoга и на Бoга кoн христијанинoт. Љубoвта Бoжја мoжeла да рeчe: “Ти, христијанину, пoстиш заради мe...

Image Description
10 months ago

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот вистинската љубов и мир Христова.

Image Description
10 months ago

За Божјите дарови

Сè ни е дозволено, но не можеме и не смееме да дозволиме ништо да владее со нас, да не поробува. Штом нè пороби нешто друго освен Христос, ќе почувствуваме дека сме лишени на некој начин, а степенот на лишеност ќе зависи од тоа во која мера робуваме на нешто друго надвор од Христа.„Ниту богатството...