…
Кога лозјето беше како co пламеница изгорено и оградата околу него искршена, кога co незнабожечката поплава лозјето беше поплавено и кога бунарот во лозјето пресуши и кулата беше претворена во разбојничка пештера – тогаш ненадејно во лозјето дојде синот на човекот домаќин,
Единородниот Божји Син. Бог однапред знаел дека лозарите нема ни најмалку да се стеснуваат и дека co неговиот Син ќе го направат истото што го направија co неговите слуги.
Па зошто тогаш вели:
„Ќе се засрамат од Сина ми?”
Co тие зборови и нас да нѐ засрами, нас кои и ден-денес Синот Божји не го примаме co должна почит и љубов меѓу нас.
И уште да покаже до колкаво бесрамие нараснала човечката неблагодарност во одбраниот народ,
којшто бил толку милуван co Божјите благодејанија. Ете, слушнете, до каква гадост израснало тоа бесрамно богозаборавање и боогоомраза:
„Ho лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа помеѓу себе: Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово. Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го y6uja.”
Колку совршена слика на она што наскоро ќе се случи co Господа Исуса!
Како што злите лозари го убиле синот на човекот домаќин за да го приграбат лозјето за себе,така и еврејските првосвештеници, фарисеите и книжниците навистина го убија Господа Исуса, за наполно да го притиснат народот co својата власт и co своите апетити.
„Што да правиме?” “Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него”, меѓу себе решаваа еврејските народни водачи (Јован 11, 47-48).
И на предлог на Кајафа решија да го убијат.
Залудно беше сето илјадагодишно искуство дека Божјиот човек не може да се убие; оти како убиен тој посилно живее и посилно се заканува, и потешко ја притиска совеста.
Ете, нивните предци убија толку Божји пророци, а подоцна мораа да им подигаат споменици.
Мораа, оти убиените пророци стануваа пострашни во смртта отколку
во животот.
Тие имаа очи за гледање, но не можеа да видат.
Имаа ум да паметат што се случувало низ илјада години, што станало co убиените пророци и што co нивните убијци, но не запаметија, ниту пак можеа да се сетат.
“Ајде да Го убиеме!”
Најлесно човечко решение, но едновремено и најнеуспешно, од Каин до Кајафа и од Кајафа до последниот убиец на земјата!
Да убиеш праведник, тоа значи да го вратиш назад при Бога, од кого е дојден.
А тоа пак значи да го ставиш во неосвоивата положба во борбата и да го вооружиш co непобедливо оружје, и да го направиш илјада пати посилен отколку што бил кога во тело одел по земјата.
Што да речеме?
Да убиеш праведник, значи нему да му помогнеш во неговата победа, а себеси да се осудиш на пораз и конечна пропаст.
Што знаел еврејскиот првосвештеник Кајафа кога ова не го знаел?
Знаел помалку од ништо. Оти ако неговото знаење било само ништо, тој тогаш не би решил да го убие Христа и co тоа самиот себеси, а не Христа, да се фрли во вечна пропаст.
“Аде да Го убиeме!” Оти сиот народ отиде по Heго. Така велеа.
Ние останавме сами: без власт, без чест, без пари. Кој ќе ни служи?
Кој ќе нѐ слави?
Кого ќе измамуваме?
Кого ќе казнуваме? Затоа да го убиеме Hero и да го наследиме она што Тој го наследува: народот, нашето лозје, што и досега го имавме, и бербата самите да ја уживавме.
Своето решение злите лозари наскоро го преточија во дело.
„Го фатија, Го одведоа надвор од лозјето, и Го убија.”
Погледнете, како до сите поединости Христос го предвидува тоа што co Hero ќе се случи!
Сите евангелисти зборуваат дека Евреите го изведоа Христа надвор од градот, на Голгота (Черепно место, или Костурница), која се наоѓала надвор од ерусалимските ѕидини.
Тоа и значат зборовите „го изведоа надвор од лозјето”.
Но тие зборови значат уште и тоа дека еврејските старешини ќе го отфрлат Христа, ќе го отсечат од израилскиот народ, ќе се одречат од Heгo како од Израилец, ќе го фрлат преку оградата од својот народ,и ќе им го предадат како туѓинец на туѓинците, во рацете на Римјаните, тие да му судат.
“А кога ќе дојде госиодарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?”
Господ Исус така ги запраша народните старешини.
„Кога ќе дојде господарот”, вели Тој, а во почетокот кажа – „и отиде”. Кога ќе дојде господарот – тоа значи крај
на трпението на господарот.
Кога ќе биде крајот на Божјото трпение, тогаш ќе биде почетокот на Неговиот гнев. Но, кого Господ Исус Христос тука замислува како господар, самиот себеси или својот Отец? Сеедно е, „Јас и Отецот едно сме”, рекол Toј.
Главно е дека и на Божјото трпение и на дрскоста на лозарите ќе им дојде крајот бргу по убиството на Синот Божји.
Што ќе им направи Господ на лошите лозари?
Кој така прашува, и кого прашува?
Всушност, самиот Господ ги прашува лошите лозари.
Осудениот на смрт ги прашува своите судии и своите убијци.
Каков морничав разговор помеѓу еден пред смртта и другите пред злосторот!
Обично тие што се пред смртта се збунети и не знаат што зборуваат, додека судиите, ако се праведни, се присебни.
Тука случајот е сосема обратен.
Христос, кој го знае тајното решение на старешините да го убијат, знае што зборува и е присебен, додека неговите неправедни судии се збунети и не знаат што зборуваат.
Така, секој злостор на човекот му одзема две работи: храброста и умот.
А еве, што му одговараат на Христос:
„Злочинците ќе ги погуби, и лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.”
Ете, гледате ли дека не знаат што зборуваат!
Самите на себе си изрекуваат пресуда!
Според евангелистите Марко и Лука изгледа дека овие зборови ги изговорил самиот Господ.
А според Матеј е јасно дека Господ нив ги прашал, за тие да се изјаснат што мислат.
Бидејќи не може да има никаква противречност кај евангелистите, најверојатно е дека првин самиот Господ кажал што ќе направи домаќинот co злите лозари, a што co своето лозје, a потоа дека и нив ги запрашал за мислење.
Тие најнапред го потврдија тоа што Господ го рекол и се согласија co него, но веднаш потоа, откако сфатија дека тоа се однесува на нив, извикаа, според свети Лука
– “Да не даде Бог!”
Од ова се гледа нивната збунетост и противречност!
– Ho кои се тие други лозари?
Пред сѐ, треба да се знае дека и лозјето ќе биде ново како и лозарите.
Од Христа па понатаму Божјото лозје ќе се прошири на целиот човечки род и нема да се состои само од израилскиот народ, туку од сите народи на земјата.
Тоа ново лозје ќе се нарече Црква Божја, a пратенците, или лозарите, во него ќе бидат апостолите, светителите, отците и учителите на Црквата, мачениците и исповедниците, епископите и свештениците, благочестивите и христољубивите цареви и царици, и сите други служители во тоа лозје Господово.
Тие во свое време ќе даваат плодови. Тие по Христа ќе станат “род избран, царско свештенство и свет народ.” (1 Петр. 2, 9). Оти co Христа престанува одбраноста на еврејскиот народ и одбраноста поминува на сите што веруваат во Христа, од сите народи на земјата.
Пренесено од книгата “Омилии”
Недела тринаесетта по Духовден<
Source: https://pokajanie.mk/2022/08/30/35065/