Недела четврта по Педесетница – „Ке дојдам и ќе го излекувам”!

Example Admin User · 4 months ago

    3 minutes, 57 seconds


…Така, имајќи ги пред себе двата описа, ние можеме да имаме јасна слика за настанот за кој станува збор.

Откако слушнал за моќта и за славата на Господа Исуса Христа, а чувствувајќи ја својата грешност и недостојност, капетанот прво ги замолил старешините еврејски да појдат кај Господа и да го повикаат.

Тој воопшто не бил сигурен дека Господ ќе сака да дојде. Тој, можеби, размислувал вака:

Ете, јас сум идолопоклоник и грешник, a Toj е видовит и ќе ја проѕре мојата грешност штом ќе го слушне моето име, та којзнае дали ќе сака да влезе во мојот дом?

Подобро да ги испратам Евреите пред Hero, па ако ги одбие, нив нека ги одбие, а ако се согласи да дојде… ќе видам.

A кога узнал дека Господ се согласил да дојде кај него, целиот се возбудил и се збунил.

Тој сега ги испраќа своите пријатели да му кажат на Христа да не влегува во неговиот дом, бидејќи е грешен и недостоен, туку да каже само збор и слугата ќе оздрави.

Ho штотуку пријателите излегоа пред Господа и му ја соопштија пораката на капетанот, еве го доаѓа и самиот капетан.

Наоѓајки се во голема возбуда, тој не можел да остане дома.

Христос доаѓа под неговиот покрив! He, не: неговите пријатели се уште

не дознале кој е Христос и не ќе знаат да му кажат тоа што треба.

А за еврејските старешини капетанот веќе знае дека тие не го сакаат Христа и немаат вера во него.

Затоа морал тој лично да му излезе во пресрет на Христа, дотолку повеќе што сега знае дека нема да му откаже и co тоа да го омаловажи пред народот.

А тој е офицер.

Навистина, Евреите за капетанот на Христа му кажаа добри зборови: ,

Достоен е да му го направиш тоа, оти го сака нашиот народ, и синагога тој ни направи.”

Но сето тоа што тие го кажаа не ја допира суштината на работите.

Добрината на капетанот тие ja ценат според својата лична корист, што ja имаа од него.

“Го сака нашиот народ”.

Другите римски офицери и чиновници ги презираа Евреите. A овој ги сакал. “И синагога ни направи”.

Сакаат co тоа да кажат: ги потроши своите пари, а ги заштеди нашите.

Ни изгради потребен храм, кој, инаку, ние самите ќе моравме да го градиме и да го платиме.

Се зборуваат како да му зборуваат на Кајафа, а не на Христа.

На се ова Христос ништо не одговори, туку одеше co нив молчејќи.

Потоа излегуваат пред Христа пријателите на капетанот и на крајот самиот капетан.

Сретнувајќи се co Христа лице в лице, капетанот секако морал да ја повтори целата работа која на Господа веќе му била соопштена.

А Исус му рече: „Ке дојдам и ќе го излекувам”

Погледнете, како зборува Оној што има власт и моќ!

He вели:

ќе видиме!

Ниту пак го прашува како другите:

Веруваш ли дека е тоа можно да го направам?

Бидејќи веќе го гледа срцето на капетанот и ја знае неговата вера.

My зборува одлучно, како што никогаш ниту еден лекар не се осудил да зборува:

Ќе дојдам и ќе го излекувам.

А вака одлучно и јасно Господ намерно зборуваше за да го предизвика пред Евреите следниот одговор на капетанот.

Оти кога Господ прави некоја работа, Тој ја прави така, од неа да не биде само една полза, туку многу.

Овој настан Христос сакал многукратно да го искористи: и да го излекува болниот, и да ја открие големата вера на капетанот, и да ги укори Евреите за неверството, и да искаже едно големо пророштво за царството: за оние кои мислат многу сигурно за себе дека ќе

влезат, во тоа царство, a нема да влезат, и за оние кои не мислат да влезат, а ќе влезат.

“А стотникот одговори и рече:

Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави.”

Каква огромна е разликата помеѓу оваа пламена вера на срцето на капетанот и ладните законски верувања на фарисеите!

Разлика не помала од огнот што гори и огнот насликан на хартија.

Кога еден фарисеј го повикал во својот дом Христа на вечера, во својата законичка гордост мислел дека на Господа му прави чест co тоа што го повикува во својот дом, a не Господ на него и на неговиот дом што влегува под неговиот покрив.

Во таа гордост и вообразеност фарисејот дури ги заборавил вообичаените изрази на гостољубие:

ниту му донел вода за миење нозе на својот гостин, ниту го пречекал co бакнеж, ниту пак му ја намачкал главата co мирисливо масло, како што било вообичаено (Лука 7, 44-46).

А ете, колку е скрушен и смирен овој „незнабожец”, на кој не му било дадено да ги знае Мојсеј и Пророците, но кој имал свој природен ум како единствена светлина во препознавањето на вистината и лагата, доброто и злото!

Toj знае дека за секој друг човек во Капернаум е чест да влезе во неговиот дом, но тој во Христа не гледа обичен човек, туку го гледа Бога.

Затоа и вели:

“He сум достоен да влезеш под мојот покрив.”

Ax, колку силна вера во Христа Бога и во неговата моќ!

Кажи само збор, и болеста ќе побегне и мојот слуга ќе стане!

Ниту самиот апостол Петар долго и долго немал вака силна вера.

Bo Христовото присуство капетанот го чувствува присуството на самото небо, на небесниот оган и небесната светлина.

Зошто толкав оган да влегува под неговиот покрив, кога е доволна само една искра?

Зошто во куќата да влегува целото сонце, кога е доволен само еден зрак?

Кога капетанот би го знаел Светото Писмо, како што го знаеме ние денес, на Христа би му рекол:

„Ти, кој co збор си го создал светот и човекот, Ти можеш и co збор да го подигнеш болниот! И најмал Твој збор е доволен, оти тој збор е посилен и од огнот и посветол од сончевиот зрак.

“Кажи само збор!”

О, колку оваа силна вера на овој незнабожец мора да нѐ посрами мнозина од нас, кои стопати подобро го знаеме Светото Писмо, но и стопати помала вера имаме!

Пренесено ид книгата “Омилии”
Недела четврта по духовден

Source: https://pokajanie.mk/2022/07/04/34739/

Share:

Example Admin User

Numquam earum rerum voluptas dolorum est est dolore. Sint aliquid provident voluptas laboriosam in id tenetur. Natus reiciendis voluptates ipsum itaque et nulla at. Explicabo et qui dolorem a odio placeat minus. Debitis delectus expedita voluptatem dicta earum aut. Quia ut maxime voluptatem voluptas. Doloribus tempora repellendus at voluptas.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Свети Винок, игуменот од Вормхулт

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ (640-717; Winnoc of Wormhout) Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија...

Image Description
2 years ago

Шеснаесетта Недела по Педестница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:14-30 14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. 16. Оној, што зеде...

Image Description
11 months ago

Св. вeл. маченичка Eкатeрина – Православен календар за денес

Св. вeл. мччка Eкатeрина. Ќeрка на царoт Кoнстантин. Пo смртта на таткoтo живeeла сo свoјата мајка вo Алeксандрија. Мајка ѝ била тајна христијанка, кoја прeку свoјoт духoвeн oтeц ја привeла и Eкатeрина вo вeрата Христoва. Вo eдна визија св. Eкатeрина примила прстeн oд самиoт Гoспoд Исус вo знак на п...