„Немам човек!“

Example Super-Admin User · 11 months ago

    13 minutes, 34 seconds

„Немам човек!“

Крикот на агонијата и осаменоста

Јоанис Каравидопулос

Осаменоста не е често отсуство на луѓе, туку присуство на многу луѓе во нашата близина кои се рамнодушни и фокусирани на себе, на својот проблем.

Поплаката на човекот кој бил парализиран 38 години, за кого зборува вистинската приказна од Евангелието на Јован (5, 1-15) е навистина потресна: „Немам човек да ме спушти во водата кога таа ќе се замати“. Тој не се жали за својата долготрајна болест, туку затоа што е немоќен и сам. Неговите зборови се крици на болка и мака за неговата осаменост и имаат вонвременска вредност, затоа што и денес, и покрај многуте медии и телекомуникациски мрежи, многу луѓе се чувствуваат осамено. Многу луѓе не го наоѓаат нивниот ближен до нив кога им е потребен. Поплаката на парализираниот е крик од агонијата на многуте луѓе во овие времиња. Ако нашата вера е само вертикален однос со Бога и нема хоризонтална димензија во однос на ближните, кога сме им навистина потребни, тогаш мораме сериозно да се запрашаме, дали таа вера е вистинска и реална.

Иако не се нашол човек да му помогне на парализираниот од приказната, помошта сепак доаѓа и таа ќе му се пружи на најдрастичен, најефикасен и најавтентичен начин. Оној што стана Човек, не само што ќе ни открие Кој е Бог, туку и каков е, поточно што треба да биде вистинскиот човек. Една стихира во неделата на вечерната служба на раслабениот (парализираниот) ги наведува следниве Христови зборови: „Поради тебе станав човек, поради тебе се облеков во тело, а ти велиш немам човек, земи си ја постелката своја и оди си“. Христос на еден автентичен начин го исцелува болниот. „Господи“ – се вели во славата на хвалитните стихири – „парализираниот не го излечи бањата, туку твојот збор го обнови“.

Како што креативниот збор Божји го створи светот одеднаш, (според описот на книгата Битие), така и моќниот збор на Синот Божји го пресоздава и го обновува созданието уништено од гревови и болести. Исто така, моќниот збор на Исусовите ученици, во апостолската проповед што се чита на тој ден (Делата на апостолите 9, 32-42), поточно при повикувањето на Исусовото име од неговиот ученик Петар, се исцелува Енеј во палестинската Лида кој е парализиран осум години и воскреснува Тавита (преведено значи срна) во Јопа.

Христовиот збор дава живот, тој е животворен. Доволно е човекот со вера и доверба да го прифати овој автентиен збор што се разликува од човечките зборови. Христовиот збор не напаѓа, туку помага, не уништува, туку создава, дарува живот и воскресение. Господ вели: „Кој го прифаќа Мојот збор, и верува во Оној Кој Ме пратил, ќе има живот вечен и нема да се соочи со последниот суд, туку веќе преминал од смрт во живот“ (Јован 5,24).

Овие божествени зборови остануваат во сите векови, без нивно променување или заслабување низ времето и без губење на нивната важност. Зашто надежта во животот и победата над смртта останува вечна желба на луѓето, луѓе на кои не им влијае техничкиот напредок или културниот развој, кои го прават човекот поголем заробеник на неговите сопствени работи, и го оставаат беспомошен пред најдлабоките негови потреби, и потребите на неговите ближни. Во преголемиот број удобности и машини кои го олеснуваат животот однадвор, лесно се утврдува отсуството на ближните, соработниците и помошниците.

Навистина е чуден начинот на кој луѓето ги прифаќаат Божјите зборови. Еврејските верски водачи во нашата приказна се огорчени, зошто Исус извршил чудо во саботен ден и побарал од болниот да стане, да ја однесе својата постелка и да отиде дома излечен после 38 години од неговата болест! Со својот менталитет на ограничен ум, верските претставници биле заробени во словото на законот и не го виделе Духот Божји што Христос му го открил на човештвото. Сметале дека целиот религиски систем на законски одредби и забрани се распаѓа, токму тогаш кога Исус му понудил љубов и живот на човекот што страда.

Во овој свет каде што, од една страна го сочинуваат луѓе деформирани од болести и гревови, а од друга страна се верските водачи од тоа време, кои се карактеризираат со тесноградна тиранија во сферата на религиозниот живот и негирањето на божественото потекло на Исус, се огласил Самиот Бог, не како Оној што ги казнува и суди сите, туку како Спасител Кој ги исцелува сите болести, ослободува од исушени закони, им дава живот на луѓето и грее со надеж за воскресение, зашто Самиот Син Божји со Својата смрт ја победи смртта и триумфираше над силите на распаѓањето и уништувањето.

Во овие три главни точки на денешниот евангелски пасус, можеме да видиме како Христос го менува текот на човештвото:

  1. Ја исправа искривената човечка природа која води во пропаст, уништување и смрт, враќајќи ја во текот на животот која води во светот на воскресението.
  2. Ослободува од утврденото нечовечно придржување кон словото на законот, откривајќи ја Божјата љубов кон човекот и заповедта за љубов на човекот кон својот ближен.
  3. Го дава зборот на вистината, кој и покрај честите човечки лаги, сепак сведочи за вистинската божествена моќ. Оној кој верува во Неговите зборови ја победува смртта и отсега влегува во областа на реалниот, божествен и бесконечен живот. Тој станал човекот што парализираниот толку многу го барал. Тој стана човек за секој што имал потреба од него.

Превод: Андријан Ѓорѓиев

Православна светлина бр. 58

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 566.446 Посети

Страници

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум:Воскресение Христово (01.05.2021 ) Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на свето...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Митрополит Струмички Наум     Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни...

Image Description
11 months ago

Архимандрит Георгиј (Капсанис) Григоријатски: Болни луѓе, болно општество

Бесполезно е да веруваме дека промената на некои општествени уредби ќе донесе промена кај луѓето без покајание. Болниот човек го разболува општеството и болните општества уште полошо ги разболуваат луѓето. За да ги исцелиме општествените болести без да ја исцелиме личната