Немаме свадбена облека … Старец Јосиф Исихаст

Example Admin User · 2 years ago

    2 minutes, 51 seconds


ШЕЕСЕТ И ТРЕТО ПИСМО

Hиe немаме свадбена облека и затоа мораме да се очистиме

Рековме, значи, дека сме Божји дар, па затоа што сме во сродство co Бога и имајќи предвид дека Бог е секаде присутен, ние сме секогаш во Божјата близина.

Ние сме Негови чеда, па гледајќи го достоинството, кое нам ни го подарил за да бидеме Негово вдахновение – треба да се молиме, за да не Го натажуваме:

“Го гледав Господа секогаш пред мене, зашто е од мојата десна страна, да не се посрамам” (Псалм 15, .

Ако co зборови, дела или мисли сме ги оскверниле својот ум, срце и тело, тогаш веќе немаме решителност, зашто ние ja немаме свадбената облека.

Затоа, мораме да се очистиме:

co исповед, co солзи, co душевна болка и co она што е повозвишено од сѐ молитвата, која го очистува и го усовршува човекот.

За таа одежда пееме во текот на Страсната седмица:

„Твојата одаја ја гледам преукрасена, Спасителу мој, и немам одежда co која можам да влезам во неа”.

Таа одежда е Божјата благодат, која се здобива co чиста молитва.

Како прво, кога човекот се моли co простодушноста која јa има на почетокот и кога излева обилни солзи, сето тоа го прави Божјата благодат, која уште се нарекува и благодат на очистување.

Таа го фаќа човекот како со јадица и го води кон покајание.

Тоа е нашиот Бог, Кој е добар во сѐ и за сите, Кој нѐ пронаоѓа, Кој нѐ гледа, Кој нѐ повикува.

Најпрво, Тој се запознава со нас, а потоа и ние го спознаваме Heгo, кога ќе ни помогне co Својата Божествена милост.

Токму поради тоа, покајанието, тагата и солзите, како и сѐ

друго, кое се случува co покајникот, резултат е на Божествената благодат.

Тоа е таа очистувачка благодат, која го чисти човекот.

He постои добрина, која не произлегува од Бога, како што не постои ниту зло, кое не произлегува од ѓаволот.

Според тоа, нека не ти паѓа на памет дека некое добро дело можеш да го извршиш без Бога, зашто веднаш штом ке го помислиш тоа, благодатта ќе си оди.

Ќе ја изгубиш, за да ја запознаеш својата немоќ, за да научиш да се „спознаваш самиот себеси”.

За да може човекот да ја спознае слабоста на својата природа, потребно е да се сретне co многу големи искушенија и co посредство на тие многу искушенија, тој се смирува и така се учи на вистинско смирение.

Меѓутоа, за тоа е потребно многу време.

Смирението, не се оние едноставни зборови, кои ги изговараме, говорејќи: “Јас сум грешен” и работи слични на тоа.

Смирението е вистина, за да може човекот да разбере дека е ништо.

„Ништо”, е она што било пред Бог да го создаде сѐ она, што нѐ опкружува: ништо.

Според тоа, тоа „ништо” сме ние.

Твојот корен, твоето постоење, сето тоа започнува од тоа „ништо”.

Твојата мајка е земјата, а твојот Создател е Бог.

Што имаш ти, а што не си примил?

А, ако си примил, тогаш зошто се фалиш како да не си примил” (1 Кор. 4, 7).

Човечкото спознавање на Вистината е голем Божји дар, а Бог ни кажал дека таа Вистина, ќе нѐ ослободи од гревот.

Знаењето за Бог е созерцувањето. Духовното знаење Го спознава Бог, а не природното.

Природното знаење е расудувањето на сите луѓе.

Духовното познание, пак, се добива co духовно дејствување, паралелно co “спознавањето на самиот себе”.

Сето ова нам ни се случува преку Божјата благодат, a co посредство на молитвата.

Божјата благодат се гледа духовно и се спознава единствено преку чувствата на умот, во мигот на молитва.

Постојат многу видови молитва.

Сите тие се добри, дури и ако човекот не е опитен во молитвата, туку се моли едноставно.

Меѓутоа, ако некој го раководи, а тој станува непослушен, сѐ ќе се измени и Освен кружната молитва, сите останати видови молитва, co текот на времето можат да се изменат.

Тогаш се губи простодушноста и човекот почнува да се оправдува самиот себеси.

Умната молитва, повикувањето на Бога co едни и исти зборови, не допушта сомнеж, па од неа не може во никој случај да произлезе прелеста.

Имајќи предвид дека во внатрешноста на срцето непрестајно се повикува Христовото име, тогаш, сигурно, Тој нас ќе нѐ насочи и води кон Неговата вистинска светлина.

Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”

Source: https://pokajanie.mk/2022/06/09/34567/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Како може да поминат илјада години како еден ден

  Како може да поминат илјада години како еден денПсалм 89 е најстариот псалм за кој се вели дека го напишал самиот Мојсеј. Во него, меѓу другото, се вели: „Илјада години се пред твоите очи, Господи, како вчера што помина и како стража во ноќта“. Овие зборови збунија еден монах додека Бог на чудесен...

Image Description
3 months ago

Мир - Свети Нектариј Егински

  Мир - Свети Нектариј Егински Мирот е божествен дар, кој изобилно им се доделува на оние кои се помируваат со Бога и ги извршуваат Неговите божествени заповеди.Мирот е светлина и бега од гревот, кој е темнина. Грешникот никогаш не смирува.Борете се против гревот и нека не ве вознемирува бунтот на с...

Image Description
1 month ago

СТРАШЕН ГРЕВ...

 СТРАШЕН ГРЕВ Би сакал да ја споделам оваа приказна со сите.  Овде толку јасно се гледа побожната чувствителност на претходните генерации, чувствителноста на простите луѓе кои, несвесни за тоа, го носеа на себе печатот на светоста.  Во исто време, овде ја гледаме бесчувствителноста на денешните луѓе...