Непосредно по Големиот вход

Example Super-Admin User · 7 months ago

    4 minutes, 12 seconds


Прозбена ектенија

Прозбената ектенија: „Да ја исполниме нашата молитва пред (кон) Господа…“ е продолжение на големата ектенија. Потекнува од околу 5 век. Поголем дел од прозбите се среќаваат двапати во текстови на двете византиски Литургии. Тоа настанало околу 8 век, а до тогаш слична ектенија имало непосредно по Литургијата на словото и претставувала отпуст за огласените. Кога устројството на огласените (катихуменатот) ослабнало, тогаш ектенијата била префрлена на ова место. Во последно време стана дискутабилно прашањето во врска со повторувањето на двете прозбени ектении на Литургијата, и тоа во релативно краток временски период. Затоа во некои современи служебници (како на пример: светогорскиот) се препорачува изоставање на прозбите во втората ектенија, кои се поклопуваат со прозбите од ектенијата во овој дел на Литургијата.

Молитва на Предложението

Во нашата современа литургиска практика, молитвата на предложението има две редакции: „Господи, Боже Седржителу, единствен свет…“ (во Златоустовата Литургија) и: „Господи, Боже наш, Кој си нѐ создал и си нѐ вовел во овој живот…“ (во Василиевата Литургија).

Молитвата од Златоустовата Литургија во словенскиот Служебник е преведена вака: Господи, Боже Вседржителју, едине свјате, приемлјај [δεχόμενος] жертву хваленија от призивајуштих Тја всем сердцем,приими [πρόσδεξαι] и нас грешних моленија и принеси [προσάγαγε] ко свјатому Твоему жертвенику… При овој превод, доколку не се земе предвид смислата, а и оригиналниот грчки текст, може погрешно да се преведе и разбере овој дел од молитвата. Впрочем, тоа и се случува во преводот на современ македонски јазик. Преведено е: „…прими го молењето од нас грешните и принеси го кон Твојот свет жртвеник…“ Дури и многу француски, англиски и италијански литургичари го превеле ова така. Други, пак, земајќи предвид дека глаголот „принеси“ [προσάγαγε] се однесува на „нас грешните“, а не на „нашето молење“, овој дел од молитвата го превеле вака: „…прими ги молењата од нас грешните и приближи нѐ (приведи нѐ) кон Твојот свет жртвеник“.

Несомнено тука станува збор за земниот, односно храмов жртвеник, а не за небесниот, затоа што тој (небесниот) секогаш се нарекува „наднебесен“ или „духовен“, „умствен“, а земниот жртвеник се нарекува „свет“ или „чесен“. На пример, во молитвата на трисветата песна и во молитвите на верните во нашите две Литургии, тој е наречен како „Твој свет жртвеник“. А да се прифати дека во оваа молитва Му се молиме на Бога да ги принесе молењата на свештенослужителот кон храмовиот жртвеник што е пред него – претставува бесмислица. Според тоа, најправилен е вториот превод на овој дел од молитвата.

Целив на мирот

Ѓаконот возгласува: „Да се возљубиме еден со друг, за да исповедаме во едномислие…“ Хорот одговара: „Отца и Сина и Свјатаго Духа…“ Свештенослужителот ги целива даровите и светата трпеза, говорејќи тивко: „Возљублју тја Господи…“ Кога служи архиереј или, пак, кога станува збор за свештеничко сослужување, тогаш по целивањето на даровите и на светата трпеза тие заемно разменуваат целив на мирот, обраќајќи се меѓусебно со зборовите: Христос помеѓу нас!, а другиот одговара: И е, и ќе биде! Целивот на мирот се прави така што тие заемно ги целиваат рамењата и десната рака.

Целивот е знак на пријателство, братска љубов и мир. Со такво значење останал и во христијанството. Вклучувањето на целивот на мирот во состав на Литургијата е исполнување на евангелската Христова порака: И така, ако принесуваш дар на жртвеникот, и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, остави го дарот таму пред жртвеникот и отиди прво да се помириш со братот свој, па потоа дојди и принеси го дарот[1]. Целивот на мирот е дел од Литургијата во сите источни литургиски чинови. Постоел обичај единствено на Литургијата на Велики четврток да не се извршува целивот на мирот, бидејќи на тој ден Јуда го предал Христос со целив.

Во минатото ѓаконот го произнесувал повикот „да се возљубиме…“ свртен кон народот. Целивот на мирот денес меѓусебно го разменуваат само свештенослужителите, а во постаро време (првите векови) тоа се правело помеѓу неколку групи присутни во храмот (свештенослужители со свештенослужители, мажи со мажи, жени со жени). Ова е и една од причините поради која строго се применувала поделбата на просторот во храмот помеѓу машки и женски дел.

Возгласот „двери, двери…“ бил всушност упатен кон ѓаконите, кои стоеле до вратите на храмот. По овој повик тие требало да ги затворат вратите, за да не влезе и да не остане во храмот некој што не може да се причести со останатите христијани. Вториот дел од возгласот „…во премудрост да внимаваме!“некогаш бил самостоен возглас. Затворањето на вратата се извршувало до околу 7-8 век. Веднаш по возгласот, свештенослужителот го подигнува „воздухот“ над светите дарови и смирено, полека го ниша врз нив. Истовремено, читачот го чита Никео-цариградскиот Символ на верата. Во прво време тој се читал само на крштение. Во 471 г. во Антиохиската црква почнале да го читаат и на Литургија. Цариградскиот патријарх Тимотеј ја вовел таа пракса во 511 година. Во 565 година византискиот император Јустин II со декрет наредил Символот на верата да се чита на секоја Литургија.

Целивот на мирот и Символот на верата претставуваат израз на единомислие меѓу оние кои треба да земат учество во Светата Тајна. Без тоа единомислие во врска со основните прашања на верата и на спасението, не може да има евхаристија и меѓусебно причестување. Затоа, Православната црква ги поставува целивот на мирот и Символот на верата непосредно пред најважниот момент на Светата Тајна, а тоа е анафората.


Користена литература:

Архимандрит Авксентий, Литургика (част 3), Пловдив 2008.

Ιωάννου Μ. Φουντούλη, Λειτουργική Α΄, Θεσσαλονίκη 2000

Благой Чифлянов, Православна Литургика, София 2008.


[1] Мт 5, 23-24.

The post Непосредно по Големиот вход appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/liturgika/neposredno-po-golemiot-vhod/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Барала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...

Image Description
6 months ago

„Ако немаш старец да купиш“

 „Ако немаш старец да купиш“„Ми се чинеше чудно кога првпат слушнав од устата на Отец Симон „Ако немаш старец да купиш“.– Зошто го велиш тоа, Оче Симоне? Дали старецот е толку корисен? Зарем не гледаш дека по толку години те праќаат во старечки дом? го прашав.– Ах! Зарем не знаеш? Имаше еднаш еден г...

Image Description
1 month ago

Акатист на Преподобен Серафим Саровски

  Акатист на Преподобен Серафим СаровскиКондак 1   Избран чудотворецу и прекрасен угоднику Христов, брз помошнику и молитвенику наш, преподобен отче Серафиме, величајќи Го Господа, Кој те прослави, пофална песна ти пееме. Ти, пак, имајќи голема слобода пред Господа, ослободи нè од сите неволји, нас...