О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

Example User · 4 years ago

    4 minutes, 57 seconds


Aleksandar.N.sv.Haralampij

Скопје,28ми март 2021 г.-Свети Три Јерарси

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Недела втора од Велигденскиот пост
(НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА)

Евангелие според Марко зачало 7мо
                                   Марко 2,1-12

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, благовестејќи за Својата наука, секогаш кога посетувал некое место, а особено кога се задржувал таму, околу Него се собирала огромна група на луѓе, која била жедна да го слушне Неговиот збор и да ги види Неговите дела. За такво нешто ни сведочи и денешното прочитано Евангелие, во кое се вели: “По неколку дена, Он пак влезе во Капернаум и се чу дека е во една куќа. Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше” (Марко 2,1-2). Голема била радоста на собраните луѓе во Капернаумската куќа и околу неа, кои сакале да Го видат Христа и да ги слушнат Неговите зборови кои даруваат живот, мир и блаженство на секоја искрена и отворена човечка душа.
Додека Божјата уста благовестеше во таа куќа, продолжува да ни зборува светото Евангелие и ни вели: “дојдоа при Него (Христа) со еден фатен, кого го носеа четворица, па како не можеа да се приближат до Него од народот, откако го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Он, ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот  (Марко 2,3-4). Фатениот евангелски човек долги години одел по лекари за да го излекуваат од неговата болест. Но овојпат и лекарите биле немоќни. Неговата болест била прогласена за неизлечлива, а фатениот прикован да лежи за своето легло, сe додека смртта не го ослободи од таа мака. Но тој, штом слушнал за доаѓањето на Христа во Капернаум, неговата душа осветлена од светлиот зрак на надежта во Бога, Го побарала Христа семоќниот лекар на душите и телата, за да  помогне. Болниот човек понесен од таквата надеж, посакал да го однесат при Христа. Во тоа му помогнале четворица луѓе, кои неможејќи својот пријател да Го доближат до Господа низ многубројниот насобран народ, се искачиле заедно со него на покривот од куќата во која проповедал Христос, го отвориле покривот, па низ него со напор и мака го спуштиле фатениот и неговата постела пред нозете на чудотворниот исцелител. Верата во Бога кај сите нив била многу силна.
А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: Синко ти се опростуваат гревовите твои!” (Марко 2,5). Бог, Кој ги знае и најдлабоките тајни на човечките срца ја виде нивната вера, но и нивниот труд за да го донесат болниот пред Него. Тие - четворицата луѓе не стравуваа од искачувањето на покривот, ниту пак, се воздржуваа од срам или од страв својот пријател да го спуштат од високо точно пред нозете Господови. Нивната цврста вера била очигледна како за духовното, така и за телесното гледање на Христа Господа. Но не била голема само нивната вера во Господа, туку и нивната љубов кон ближниот. Тие грижејќи се за својот пријател да оздравее, ни даваат вистински пример како треба ние да се грижиме за нашите ближни. Токму затоа, Христос на фатениот му вели: “Синко ти се опростуваат гревовите твои!” Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а тоа е гревот. Господ Исус Христос како Бог ја знаел причината за болеста на фатениот, па затоа најнапред ја излекувал неговата душа, опростувајќи му ги гревовите.

Aleksandar.N.sv.Haralampij


Меѓутоа, ни сведочи евангелистот Марко “таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен единиот Бог? Исус веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: Зошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот; ти се простуваат гревовите или да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите – му рече на фатениот - Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома! И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: Никогаш вакво чудо не сме виделе!” (Марко 2,6-12). За Бога, во тие моменти е очигледно и неверието на книжниците кои биле присутни на овој настан и кои лошо помислиле во своите срца. Бог ги чита и чистите и нечистите срца на луѓето. Тие Го сметале Христа за обичен човек, а како познавачи на законот знаеле дека само Бог може да простува гревови, па затоа помислиле во срцата свои за Христа дека Он хули на Бога. Тие ништо не прозбореле и не Му рекле на Христа, но Тој го прозрел лукавството во срцата нивни, па на чуден начин им ги открива мислите покажувајќи им знак на Своето Божество. Тој им покажува дека има власт и над телата и над душите на луѓето, т.е. и гревови да опростува, но и фатени тела да лекува, та му вели на фатениот да ја земе својата постелка и да си оди дома. Верата кај фатениот во семожниот лекар не го измамила. Тој добил двојна благодат од Бога за духовно и телесно исцеление. Тој дојде при Христа да проси за една милост, а се удостои со двојна благодат, со исцеление на телото, но и со опростување на гревовите од неговата душата.
Не случајно, драги браќа и сестри, светата православна Црква одредила ова Евангелие да се чита на денешната втора великопосна недела. Во него ни се истакнуваат многу добродетели. Пред сe тоа ни покажува како треба да им помагаме на нашите ближни, како што и во евангелскиот пример четворицата луѓе му помогнале на фатениот да дојде при Христа. Потоа ни покажува каква треба да е нашата вера во Бога, онаква каква што имал фатениот човек цврста и непоколеблива. Ни покажува дека постојано треба да се надеваме во милоста Божја, т.е. секогаш да се трудиме и да твориме со надеж во Божјата милост. И на крајот, ни потсетува дека гревот е причинителот на секоја наша немоќ и болест, па затоа да го засилиме нашето покајание. Да не дозволуваме времето да ни поминува залудно, туку благоугодно да го исползуваме за покајание и за духовно искачување кон совршенството – кон Бога. Зашто ризницата на Божјото милосрдие секогаш е отворена за секого од нас и нејзе не можат да ја победат гревовите, а ние можеме да бидеме соучесници во неа само, ако искрено се покаеме.
Нека себлагиот Господ ги чуе молитвите од нашите срца, па ни подари според Својата љубов прошка на гревовите и вистинско духовно и телесно здравје. Та така поткрепени Му вознесуваме слава и благодарност преку сите денови на Велигденскиот пост, сега, секогаш и во вечни векови амин.

 Преминпортал (к.т.)

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Друго:

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24031-o-nikolaj-kirandjikj-nedela-na-sveti-grigorij-palama

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

 (Обновено) Недела 23 по ПедесетницаЛука 8, 26-39/шеста недела на Лука            Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има и Евангелие, кое сите ќе го читаат...

Image Description
3 years ago

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,   Возљубени во Господа браќа и сестри, Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и да е оддалечен од својот дом, гледаме уште во Стариот Завет, в...

Image Description
1 week ago

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

       Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме дека се причестуваме со Христос; притоа, нашата намера треба да биде – да Му се дадеме Нему, а не да бараме...