Осветување на нови антиминси во нашата епархија

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 6 seconds


DSC_0111ОСВЕТУВАЊЕ НОВИ АНТИМИНСИ ВО НАШАТА ЕПАРХИЈА

Што е тоа антиминс?

(Значење, историја и примена)

Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите „анти“ – наместо, и „менса“ – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен Престол за служење Литургија.

Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови и бегале на друго место. Кога христијанството станува легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врз гробовите на мачениците, а потоа од оваа пракса се воведува правилото, во секој храм, во светиот Престол во Олтарот задолжително да се полагаат свети мошти од свети маченици. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, односно подвижен Престол, затоа е воведено и во него задолжително да се полагаат свети мошти од маченици.

Поимот антиминс прв пат се сретнува во житието на преподобниот Маркијан Сиракуски (околу 700 година) и означува подвижна света Трпеза (маса), на која светителот извршувал Божествена Литургија. Околу IX век во Византија се пренесувал обичај да се употребуваат осветени дрвени табли или платна за извршување на Божествената Литургија во услови кога немало воопшто или не бил канонски осветен светиот Престол. Овие табли, кои се користеле како престоли се познати и во праксата на антихалкидоните, кои биле прогонети, и поради тоа принудно извршувале Литургија на скришни места. Во писмото на свети Теодор Студит до Навкратиј се спомнуваат дрвени табли за служење Литургија, како и во посланието на автократорите Михаил Втори и Теофил до Карло Лудовик, се спомнуваат дрвени табли на кои има икони, и врз кои служеле Литургија. Светиот Никифор патријарх цариградски исповедник (+828) ги нарекува овие табли и платна антиминси. Изгледа овие антиминси нашле широка примена особено во текот на иконоборството. Подоцна во Црквата се употребувале антиминси само од платно.

Од XVII век антиминсот станува задолжителен за секој Престол, но можело и без мошти, а подоцна се наредува секој Престол да има антиминс, а во антиминсот да има свети мошти.DSC_0123

При осветување на храм се осветуваат и повеќе антиминси (а може и на обична Литургија, врз веќе осветен Престол, пред почетокот или за време на Литургијата), на кои е претставено погребението Христово, и на кои е наведено на кој датум, каде и од кој епископ е осветен антиминсот, и за која црква е наменет. Тоа е еден вид мандат за секој свештеник за да може канонски да отслужи света Литургија, доказ дека свештеникот има благослов од својот епископ да служи Литургија во конкретниот храм.

Антиминсот денес се чува на светиот Престол, здиплен под илитонот, и под светото Евангелие, а се отвора при доаѓањето на архиерејот, и во текот на Литургијата, кога се кажуваат ектениите за огласените. Врз него се извршува светата Литургија, врз него се подготвуваат честички за причестување на болни, а се затвора на крајот, на последната ектенија, по причестувањето.

При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно божествена Литургија.

Бидејќи антиминсот е замена за светиот Престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2014/05/18/osvetuvanje-na-novi-antiminsi-vo-nasata-eparhija/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Елеосвештение или маслосвет

Елеосвештение Таинството на Елеосвештение (Маслосвет) е предвидено за тешко болните. Во него болниот се помачкува со елеј и добива од Бога благодат на исцеление од душевните и телесни болести. Тоа треба да се извршува од 7 свештеници, но крајна потреба може да се изврши и од еден. За тоа таинство зб...

Image Description
1 month ago

Пречки за исповед

Николај Воинеску Незнаењето, егоизмот и грешниот живот се главните причини поради кои многу христијани не се исповедаат. Други причини се осудувањето на свештенството, антицрковниот дух, борбата против верата и маловерието. И како да не е доволно тоа, доаѓа и нашиот противник, ѓаволот. И се обидува...

Image Description
3 years ago

Задамвоните молитви

ЗАДАМВОНИТЕ МОЛИТВИ Во древната Црква чинот на отпустот на Литургијата бил премногу едноставен и се состоел од благословување и отпуштање на народот. Ѓаконот ги повикувал верниците да ги наведнат своите глави, заради полагање на рацете од епископот, кој од зад амвонот, сместен во централни...