ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА ЧЕСНИОТ, СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 45 seconds


ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА
ЧЕСНИОТ, СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И
КРСТИТЕЛ ЈОВАН

УТРЕНА

Тропар, глас 2.
Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.

Кондак, глас 5.

Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот.

Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби зконот Божји, ниту вечниот Живот, туку лажниот и привремениот.

Икос: Иродовиот роденден на сите им се покажа грешно, кога среде гозба, како храна, се принесе главата на оној што постеше. Радоста се измеша со тага, и смеата се раствори со горчливо редење, кога влезе девојката и пред сите ја носеше на чинија главата на Крстителот, како што рече.

И, поради клетвата, сите што седеа со царот ги зафати плачење, бидејќи не ги развесели нив, ниту самиот Ирода, како што се вели: Тие не се нажалија со вистинска тага, туку со лажна и привремена.

Канон од Монах Јован. Глас 8.

Песна 9.

Ирмос: Секое уво беше обземено од чудење пред неискажливото Божјо понижување, зашто Вишниот доброволно слезе дури и во тело, кога стана човек од девствената утроба; затоа, ние, верните, Пречистата Богородица ја величаме.

Лукавиот полк, и неговиот водач ѓаволот, се исплаши од твојот богословски јазик кој Го проповедаше Христа, пророче. Преку нечистата девојка тие го натераа Ирода да ја отсече твојата глава, но тебе – Крстителот, ние те величаме.

Долината на смирената природа се издигна, а ридот на смртната горделивост се смири; во местата лишени од светлина, во адовите живеалишта, одекна гласот на оној што вика во пустината: Подигнете се порти, зашто ќе влезе Царот на сите.

Треперат страстите човечки, и во страв бегаат демоните, за да се скријат од сенката на благодатта што тебе ти е дадена од Бога. Но и од двете искушенија избави го твоето стадо, кое со вера постојано те велича тебе, Господов Претечо.

Богородичен: Напрегни се, и успевај, и царувај, Сине на Божјата Мајка, покорувајќи ги непријателите што се борат против нас, дарувајќи му на православниот народ победи над вразите варвари, по молитвите на онаа што Те родила Тебе – Словото Божјо.

Друг канон. Творба на свети Андреј Критски. Истиот глас.

Ирмос: Оној што на гората света, во огнот и капината, на законодавецот (Мојсеј) му ја откри тајната на раѓањето од Приснодева, заради спасение на нас верните, со непрестајни песни Го величаме.

Пак Језавела ликува против Илија, пак Египќанката го бара Јосифа, а сега појавената нечиста Иродијада, го бара пророкот и Крстител на Спасителот.

Кога Ирод ти ја отсече главата, Јоване, беше пратен во адот при душите, за да Го проповедаш Оној што доаѓа таму, да ги спаси сите верни што се упокоиле од Адама.

Светилник на Светлината, и глас на Словото, проповедник на Јагнето Божјо, пустинска овца, Јоване, чесен маченику на Господа, моли да се спасат тие што ти пеат.

Богородичен: Единствена меѓу жените си се јавила како Дева и по раѓањето, единствена меѓу жените си се покажала и Богородица; единствена си ја разрешила Ева од болката, и си ја исушила првородната клетва.

Катавасија: Богородице Дево, ти си единствениот рај од кој необработено Го израсна Христа, од Кого на земјата беше насадено крстното и живоносно дрво: затоа, кога сега тоа се издигнува, поклонувајќи се пред него, тебе те величаме.

Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Втор том, февруари – август / (превод и препев од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски).

– Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

Подготви С. Трајчевска

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/05/10053/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Што ќе ми принесеш денес, за мојот роденден?

Што ќе ми принесеш денес, за мојот роденден? Околу четири векови по раѓањето Христово, една вечер на Божик, блажениот Јероним отиде како поклоник да се поклони на местото каде што се роди Христос. Дојде во пештерата на Рождеството смирено и почна да се моли....

Image Description
4 years ago

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица!

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија....

Image Description
4 years ago

Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови – (прв дел)

Те величаме, Пренепорочна Мајко На Христа нашиот Бог, И сеславно го славиме Твоето успение.Почитувана и прославувана на земјата, Божествената Марија не престанувала да се стреми кон небото и да се моли за преселување во небесните живеалишта, за да се насладува од гледањето на Синот и Бог Свој. Како...