Поуки од Преподобен Нил Синајски

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 40 seconds


78. Кога за време на твојата молитва ќе помислиш, дека немаш потреба да плачеш за твоите гревови, тогаш види колку си оддалечен од Бога и дека треба секогаш да живееш во Hero,- и тогаш ќе пролееш топли солзи.

79. И навистина е така, сознавајќи колку си беден и ништожен, слатко ќе поплачеш, прекорувајќи се, слично на Исаија:

“Тешко ми мене, зашто сум човек co нечиста уста и живеам среде народ исто така co нечиста уста” (Иса. 6,5).

80. Ако се молиш искрено ќе добиеш голема награда, и ангелите ќе се соберат при тебе, како и при Давида, и ќе те просветат да ги знаеш причините за се што станува.

81. Знај дека ангелите нѐ поттикнуваат да се молиме и дека стојат заедно co нас кога се молиме и заедно co нас се молат за нас.

Па затоа, ако не сме внимателни и ако ги прифаќаме спротивните помисли, co тоа крајно ги разгневуваме, зашто тогаш кога тие толку многу се грижат за нас, ние самите не сакаме да My ce молиме на Бога, туку го занемаруваме нашето служење на Hero, Го оставаме нивниот Бог и Господ и водиме разговор co нечистите бесови и нивните помисли.

82. Моли се мирно и спокојно, пеј разумно и расположено, тогаш како орел ќе се издигнеш кон висините.

83. Пеењето на псалмите ги успива страстите и ги скротува желбите кон телесната невоздржливост, a молитвата го подготвува неговиот ум кон духовната работа, која му е својствена.

84. Молитвата е вистинската работа, која му прилега на умот и, подобро речено, неговата вистинска употреба.

85. Пеењето на псалмите е слика на многувидната премудрост, а молитвата е почетокот на духовното знаење.

86. Знаењето е прекрасна работа; тоа ѝ помага на молитвата, поттикнувајќи ја духовната сила на умот кон созерцание на божественото знаење.

87. Ако yште не си ги добил даровите за пеењето на псалмите и на молитвата, моли се непрестајно и ќе ги добиеш.

88. Bo Светото Евангелие читаме:

“Им кажа (Господ) и приказна за тоа, оти секогаш треба да се молат и да не паѓаат co духот” (Лука 18,1).

Затоа не жали и не очајувај што уште не си ја добил молитвата, зашто ќе ја добиеш.

Кон оваа приказна Господ ги додал и овие зборови:

“Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам но бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам” (Лука 18,5-6). “Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што
викаат кон Hero дење и ноќе; макар и да ги забави” (Лука 8,7).

Затоа биди радосен и труди се co трпеливост и продолжувај да се молиш.

89. He сакај да ти биде дадено она, што тебе ти се чини, дека е подобро, но секогаш оставај на Бога да биде така, како што My e угодно Нему, и ќе бидеш невознемируван и благодарен во твојата молитва.

90. Иако ти се чини дека си можеби co Бога, пази се од блудот, зашто тој e многу измамлив и опасен и настојува co сите твои сили да го совлада устремот на твојот трезвен ум и да те оттргне од Бога, дури и тогаш, кога и твојот ум стои пред Бога co побожност и co страв.

91. Ако се трудиш за молитвата, тогаш приготви се за ѓаволските напади и трпеливо поднесувај ги неговите бичувања, зашто тие ќе те напаѓаат како диви ѕверови и ќе го измачуваат и покријат co рани целото твое тело.

92. Подготви се, како искусен борец, да не се поколебаш, иако одеднаш и ненадејно видиш некакво привидение;

не плаши се ако против тебе биде вперен и меч или ако ти биде вперен и огнен пламен кон твоето лице; не паѓај co духот и не плаши се, ако се исправи пред тебе некакво страшилиште – злобно и опасно, туку стој, исповедај ја смело твојата вера и смело гледај ги твоите непријатели.

93. Оној што го поднесува тажното, тој ќе се удостои и co радосното; и кој ќе го претрпи непријатното, тој нема да биде лишен и од својот дел во пријатното.

94. Внимавај да не те соблазнат бесовите co некакво видение.

Ако ти се случи нешто слично на тоа, биди прибран во себеси, обрати My ce во молитва на Бога, ако ти е испратено сето тоа од Hero, за да те вразуми, Он Самиот да те просвети и да ти помогне, а ако не е, побргу да го прогони од тебе твојот измамник. Биди мажествен, зашто нема да се задржат тие кучиња кога ќе прибегнеш кон Господа co топла молитва; тие веднаш, невидливо поразени од Божјата сила, ќе избегаат далеку од тебе.

95. Треба да го знаеш и ова демонско лукавство. Понекогаш тие се разделуваат на групи. Едни од нив доаѓаат co соблазна. И кога побараш помош, доаѓаат други во вид како ангели и ги прогонуваат

првите, за да те измамат и ти да помислиш дека се вистински ангели, и да почнеш да се сомневаш дека си удостоен co тоа.

96. Потруди се да бидеш што е можно посмирен и похрабар, и демонскиот напад нема да се допре до твојата душа и нивниот камшик нема да се приближи до твоето тело: “Затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои” (Псал. 90,11) и тие невидливо ќе го одбијат од тебе секое демонско дејство.

97. Ако чуеш и врева, и тропање, и извикување и подбивање од страна на демоните, кои настојуваат да ја спречат твојата чиста молитва, не паѓај co духот, туку говори My на Бога: “Нема да се исплашам од злото, зашто Ти си co мене” (Псал. 22,4) и друго слично на ова.

98. За време на ваквите искушенија моли се co кратки и силни молитви.

Пренесено од книгата ДОБРОТОЉУБИЕ Том II
Преподобен Нил Синајски

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/17/34013/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 week ago

Манастирски конфликт

Монах Михаил Хаџиантониу За тоа до кој степен епископите и свештениците станаа државни службеници откако Хунтата (во Грција) им даде плати, располагаме и со правно мислење. Иако јас немам ништо лично против Високопреосветениот владика Јеротеј Влахос, бидејќи го сметам за еден од најдобрите епископи...

Image Description
1 month ago

Тишината на постот: лекција за сите...

 Тишината на постот: лекција за сите  Постот е време на тишина за душата и телото, момент кога се оддалечуваме од вревата на овој свет за да го слушаме шепотот на Божјата милост.  Во тој период секој збор што го преминува прагот на усните мора да биде потежок од тишината.  А сепак, колку лесно посег...

Image Description
8 months ago

Недела на раслабениот - Свети Лука Кримски

Недела на раслабениот - Свети Лука КримскиЕдна вечер  Св. Пророкот Давид одмараше на покривот на својата куќа, а од висината на покривот видел една исклучително убава жена како се капе во соседниот двор. Тој се разгоре од страст за неа и ги испрати своите слуги да ја доведат во неговата куќа. Царот...