Празникот на Полагањето на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна прославен во манастирот Заум

Example Super-Admin User · 7 months ago

    3 minutes, 47 seconds


„Реките со чудеса, Богородице, кои течат од од твојот сечесен ковчег како од рајот и кои им излеваат благодети на оние кои те почитуваат верно, го напојуваат лицето на земјата. Затоа те воспеваме, и верно те фалиме, и со благодарност постојано викаме: Радувај се, единствена надеж на оние кои те воспеваат!“ (седален на канон на Утрена на празникот Полагање на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна).

Една година по преосветувањето на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Захумска“ – Заум во Трпејца, востановениот манастирски празник Полагање на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна беше повторно прославен.

Празнувањето на Мајката Божја, на 14 јули 2024 година, со Празнична вечерна богослужба, на којашто началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој потоа, на 15 јули, на самиот ден на празникот, отслужи света архијерејска Литургија во истиот манастир.

На Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Нашата света Црква денес прославува еден од Богородичните празници. Поточно, го прославува празникот Полагање на риза на Пресвета Богородица во храмот Влахерна во Цариград. Светата Мајка Божја ни се појавува како пример за постојано пребивање во молитва. Нејзиниот севкупен живот бил исполнет со молитва. Тоа ни го советува и св. ап. Павле: Бидете постојани во молитвата (Кол. 4, 2). Се поставува прашењето зошто е потребно да се биде постојано во молитва? Затоа што молитвата е патот кон Бога. Без молитва не е можно да се доближиме кон Бога, не е можно да се општи со Бога и да се поврземе со Него. Тој што не се моли е далеку од Бога, а тоа значи дека е далеку и од спасението. Зашто единствениот пат кон спасението е соединувањето со Бога. Бог е единствен извор на сите вистински добра – вели св. Игнатиј Брјанчанинов. Молитвата е мајка и глава на сите добродетели, средство и состојба на општење на човекот со Бога. Таа ги позајмува добродетелите од Изворот на добротата – од Бога, и му ги дарува на човекот кој во моментот се грижи да стапи во општење со Бога. Патот кон Бога е молитвата. Изодувањето на совршениот пат е различен и малкумина се молат правилно и постојано. За да се научиме да се молиме на Бога правилно, потребно е да се научиме да се молиме постојано. Така, за да бидеме со Бога и да се спасуваме потребно е да се научиме да се молиме правилно.

Што значи да се молиме правилно? Најпрво, тоа значи да се молиме со внимание. Вниманието е душа на молитвата. Без внимание молитвата е мртва, исто како што е  телото без душата. Светите отци учат дека кога ние се молиме должни сме да го заклучиме својот ум во зборовите на молитвата, за да ги разбереме зборовите што ги изговараме со нашите усни. Човечкиот ум има силна склоност кон расеаност, има желба според својата природа да скита по улици, раскрсници и по целиот свет. Затоа нашите мисли за време на молитвата често се одвлекуваат и се префрлаат од еден предмет на друг, и стануваат зафатени со тоа што им е угодно само не со молитвата. Задачата е во тоа да се врати нашиот ум во нашиот дом, т.е. во себе, во својата душа, и да го натераме да се занимава само со молитвата.

За да се постигне таа цел неопходно е постојано внимание и многу усилби и труд. Ако човекот се труди, тогаш неговата молитва малку по малку постанува повнимателна, односно умот започнува да учествува во молитвата и се заклучува во нејзините зборови. И по мерата  на тоа колку учествува умот, во неа започнува да учествува и срцето човечко. Тоа е првиот знак на правилна молитва и на молитвено растење, и искачување на друг степен во молитвата. Тогаш се исполнува она важно правило на преп. Никодим Светогорец:  Не само со зборови е потребно да се молиме туку и со умот, и не само со умот туку и со срцето, за умот јасно да види и да разбере што се произнесува со зборовите и срцето да почувствува што се помислува со умот. Сето тоа е сегашната молитва, но доколку нема ништо од ова,, тогаш молитвата не е совршена или воопшто не е молитва. Така, првото правило се состои во тоа да се научиме да се молиме внимателно.

Покрај ова прво скалило, на скалата на молитвата има и други степени. Уште еден многу важен степен е смирението, бидејќи се вели дека без смирение не е возможно општење со Бога. Се разбира, има и многу други скалила, но за денеска доволно е да размислуваме и да ги усвоиме овие.

Да се обратиме кон Пресветата Богородица, чиј спомен денеска го празнуваме, таа да нѐ поткрепи во нашите молитви, па и ние да се молиме со внимание. Да ја разбереме  молитвата и со умот и со срцето, и да растеме духовно од сила во сила. Така да постигнеме заедништво со Семилостивиот Бог, сега и во сета вечност. Амин.

Митрополит Тимотеј

Полагање на риза на св. Богородица во Влахерна
Ман. „Пресв. Богородица“ – Заум, Охрид
15.07.2024

Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3683-polaganje-na-chesnata-riza-na-presveta-bogorodica-vo-vlaherna

The post Празникот на Полагањето на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна прославен во манастирот Заум appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/praznikot-na-polaganjeto-na-chesnata-riza-na-presveta-bogorodica-vo-vlaherna-proslaven-vo-manastirot-zaum/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 months ago

Седум тајни за среќата од Свегорските светители

Седум тајни за среќата од Свегорските  светители Веројатно, не постои таков човек на земјата кој не би сонувал да стане среќен.  Но, секој има своја идеја за среќа.  Некој ја гледа среќата во материјалниот просперитет и богатството, некој во успех и популарност кај другите.Некому за среќа му недости...

Image Description
6 months ago

Од Просветителството до Постмодернизмот и движењето „Воук“

Церемонијата за отворање на Олимписките Игри во Париз во петок, 26 јули 2024 година, предизвика лоши реакции кај многумина во и надвор од Грција, и беше опишана со остри зборови и силни изрази, и за одредени сцени и за церемонијата во целост, и тоа со право. Многу луѓе зборуваа за движењето „Воу...

Image Description
4 years ago

Недела на блудниот син

Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Возљубени во Господа, чеда Божји. Полека се приближуваме кон големиот, велигденски, спасоносен пост. Оваа недела е втората недела во светата Православна Црква, со која го најавуваме воскресниот пост, и воедно полека се припремаме, духовно со...