Седум начини за уништување на сопственото дете

Example Super-Admin User · 9 months ago

    11 minutes, 20 seconds

Седум начини за уништување на сопственото дете

1.Цел живот, додека расте вашето дето, раскажувајте му за тоа, дека не сте сакале да го родите, сте сакале да абортирате, сте сакале девојче наместо машко, или обратно.

2.Веднаш штом детето ќе научи да зборува, терајте го да го моли татко си да престане да пие. Правете кавги со таткото, претходно криејќи ги ножевите. А на детето објаснете му дека тоа е за секој случај. Потоа разведете се со таткото и терајте го детето да бара пари од татко му.

3.И не заборавајте, тоа е многу важно: сета злоба, која ја доживувате кон својата мајка, маж/жена, животот, судбината, истурајте ја врз детето.

4.Барајте од детето да биде идеално. Нека ги достигне најголемите височини во спортот или во науката, или во музиката, или во сликањето. Такви височини, кои ниту еден човек на земјата не може да ги достигне. И само вашето дете ќе ги достигне, за вие лично да се гордеете. Сметајте дека детето се родило за тоа, за вие да се полните со гордост од неговите успеси. Бидете секогаш и во сите околности незадоволни од него, критикувајте го што е можно повеќе и почесто, за сѐ што прави и не прави.

5.Терајте го да го прави она што вие го сакате, не земајќи ги предвид неговите желби, потреби, можности и способности.

6.Сугерирајте му на вашето дете дека треба да биде само добро. Игнорирајте го, доколку се однесува лошо. Не разговарајте со него и преправајте се дека тоа не постои.

7.Размислувајте за смртта, доживувајте постојано паника, контролирајте го секој чекор на вашето дете, без да го слушате.

Тоа се само неколку начини со кои се соочив во мојата пракса.

Со вториот начин се создава човек со биполарно растројство.

Со седмиот начин – човек со панично растројство на личноста.

Со шестиот начин се создава човек со панични напади и суицидни мисли.

Првиот дозволува да израсне човек кој не живее, а само го оплакува својот живот и не може да најде во него никаква смисла.

Третиот, четвртиот и петтиот начин – се универзални и може да бидат искористени како самостојно, така и како придружни на останатите.

Психичката состојба на детето е нестабилна, личноста не е формирана.

За таа да се формира потребни се соодветни на секој период од развојот услови за развивање.

Главната потреба на детето е – барање за признание. Посебно му е важно да добива внимание, одобрение, љубов и поддршка. Без тие вложувања од страна на возрасните во процесот на неговото воспитание произлегуваат нарушувања во развојот па сѐ до психичко растројство.

Детето лишено од таа хранлива средина израснува како потполно дезориентиран во возрасниот живот. Чувствата кои ги доживува се: страв, изгубеност, безизлезност.

Очигледните проблеми може да започнат уште во 14 година од животот, кога се појавуваат проблеми со учењето. Не затоа што детето не може да го сфати учебниот материјал. Туку затоа што, на пример, паѓа во ступор (неподвижност), во панична состојба или во состојба на потполна апатија. И тогаш не може да го реши тестот или дури ни да излезе од дома.

Може да се случи тоа и во прва година на факултет. И без оглед на тоа што младиот човек сака да добие професија и образование, тој едноставно престанува да учи поради тие состојби и не може да оди во образовната институција.

Дури и да изучи, тој не може да се реализира себеси. Никогаш нема да има деца, затоа што заглавува во помисли за самоубиство или во барање смисла на животот. И од таквата состојба ќе најде единствен заклучок, дека животот нема никаква смисла.

Во заклучокот сакам да кажам дека децата не може да бидат удобни. Тие уште при раѓањето имаат цел спектар од чувства. И тие чувства како цветови на дрвото се отвораат според мерката од нивното растење или не се отвораат, доколку немало соодветни услови. А потоа овие цветови даваат соодветни плодови.

И понекогаш се случува така што единствениот цвет, кој се расцветал на дрвото и дал плодови е – стравот. 

Така што, децата се цветови на животот.

Наталија Цибина, психолог

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 564.732 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2024/07/22/%D1%81%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот! (Преподобен Исихиј)

Како што не може сонцето да сјае без светлина, така ни срцето може да се очисти од нечистотата на помислите без молитвата на Христовото име. А, ако е ова вистина, како што гледам Јас во својот личен опит, тогаш да го повикуваме ова Име толку често – колку што дишеме. Зашто тоа е светло, a демонскит...

Image Description
10 months ago

Обрезание на Господ Исус Христос

Обрезание на Господ Исус Христос14 јануари/1 јануари (по стар стил)                   Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што и  б...

Image Description
10 months ago

Свети Филарет Московски - ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (5)

Свети Филарет Московски ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (електронска верзија) Кумановско-осоговска епархија Куманово, 2013      232. Дали постојат знаци на Второто Христово пришествие?    Во Божјото слово ни се откриени некои знаци за приближување на Христовото пришествие. Имено, тие се: намалување...