Сонцето постои дури и во облаците
Само затоа што сме направиле грешка, не успеавме и згрешивме, не значи дека Бог престанал да нè сака или не оставил.
Ако небото е облачно неколку часа или денови, тоа не значи дека сонцето не постои. Таму е зад облаците. Ќе се појави повторно.
Бог е љубов, светлина, радост и е во нас. Што и да сме направиле, колку и да сме паднале или згрешиле, ние никогаш не престануваме да бидеме негов лик. Го имаме неговиот здив во нас.
Бог не си оди од нас, ние се исклучуваме. Тој е секогаш таму, дури и кога не го чувствуваме, дури и во нашите најголеми неуспеси. Само затоа што е облачно не значи дека сонцето го нема...
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/blog-post_5.html