Што е свештенството?

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 54 seconds


Анонимни коментари од православни свештеници

priesthood

Неодамна ми се појави една идеја да побарам од православните свештеници да ми напишат збор-два за свештенството – нешто искрено и анонимно. Се восхитив на одговорите што ги добив, од опитни свештеници, од оние што неодамна биле ракоположени и од оние некаде во средина.

Некои од коментарите беа охрабрувачки. Некои беа болни. Некои парадоксални. А некои малку и хумористични. Некои го одразуваат карактерот на конкретен човек, додека други имаа намера да бидат обопштени. Но, сите ме погодија со својата срдечност.

Еве ги одговорите, без некаков одреден редослед. Сите од различен свештеник:

Како свештеник, постојано си во борба помеѓу она што сакаш да го направиш, она што треба да го правиш и она што мора да се направи.

Свештенството е и најголем благослов и најтежок крст, понекогаш истовремено.

Отстрани го свештенството од човекот и ќе видиш еден нарцис кој очекува Христос да дојде и да го спаси. Додај го свештенството и човекот станува пастир.

Свештенството е служба што ја искушува твојата вера и ја укрепува неколкупати во еден ист ден.

Свештенството е учење да се живее во сивите области на животот, да се биде вовлечен и во Божествената драма, и во човечката драма, подготвеност да се загубиш себеси во надежите да донесеш спасение на други.

Свештенството за мене е и извонреден извор на радост и изненадувачки извор на тага.

Понекогаш, едноставно треба само да се појавиш.

Свештенството е еден вид на мачеништво, одвреме-навреме со голема радост и чудесна привилегија да се служат Светите Тајни и Божествената Литургија, дарувани да нè запазат нас свештениците од очај.

Свештенството е служба, во која во еден ист ден можеш да ја здобиеш и изгубиш верата во човештвото.

Ние сме професионални сведоци, при почетокот и крајот на животот, добрите и лошите настани, и нашето присуство и внимание реално ги сокрива гревовите, за тие да бидат остранети.

Свештенството е привилегија да се застане во присуство на Светињата над светињите, сведочејќи ја реалноста на Светата Христова Црква, истовремено спомнувајќи си дека си недостоен да го правиш тоа, но си бил повикан И избран.

Оној дел од Анафората, кога се молиме за сите јавени и нејавени, знајни и незнајни добродетелства, тоа ме поттикнува да размислувам на свештенството.

Тоа е извонредна одговорност и извор на голема радост.

Твои од Твоите, ние (свештеникот, клирот, лаиците) Тебе Ти принесуваме, за СИТЕ И ЗА СЀ.

Свештенството е професија од висока позиција (white-collar job) за ниски срца (blue-collar heart).

Свештенството е Божествен лек за исцеление на срцето на човекот кој е повикан да служи како свештеник.

Свештенството е повик на величествена служба, и на Бога и на Неговата Црква. И тоа не е средство да се стане диктатор.

Свештенството е нешто што многу добро парира на родителството: и двете служби ти даваат доволно пракса десетпати да кажуваш исти работи пред некој да почне да слуша.

Треба да помниме дека свештенството не е работа, тоа е живот. И треба да заличиме на она магаре што нашиот Господ го избрал за да го јава за време на Неговото свечено влегување во Ерусалим на Цветници: смирено и понизно, но сепак му е дадена една многу важна и благородна задача. Многу труд, но таинствен. И како магарето, очекувај свештеникот да биде тврдоглав често, но секогаш верен на својот Господар.

Не е професија, освен во мојот случај, туку мало Богојавление, освен во мојот случај, и мала улога во сеопштото обожување, парче убавина, повторно ќе речам освен во мојот случај, но поради Христа преку сите нас.

Колку повеќе сум во свештенството, толку повеќе сфаќам дека навистина немам поим што е тоа, а камоли како да го остварам.

Коментар на лаик: Ништо не би додала овде… едноставно се појавува длабоко чувство да се потсетиме на потребата да се молиме за нашите свештеници повеќе и да им покажеме поддршка и љубов на еден практичен начин, та тие (и нивните семејства) да не бидат оставени сами во поднесувањето на јаремот на свештенството. Ви благодарам.

отец Ендрју Стефан Дејмик

Извор: roads from emmaus

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

Source: http://mistagogia.mk/sto-e-svestenstvoto/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Отец Томас Хопко: Ако ги исповедаме своите гревови

Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушност, таа...

Image Description
3 years ago

Бракот како мачеништво: врската помеѓу бракот и празникот на 40-те маченици

Православната Црква на 22 март (9 март по стар стил) го одбележува споменот на 40-те севастиски маченици, ден кој меѓу народот е популарен како Младенци. На тој ден, според старата народна и црковна традиција, сопружниците (младенците) што стапиле во брак во текот на минатата година, во својот дом...

Image Description
3 years ago

Божествената Литургија

Божествената Литургија е срцето на православниот христијански живот. Тоа е Света Тајна над светите тајни или Мистерија над мистериите. Централната Света Тајна на Православната вера е службата на Светото Причестување, наречена Евхаристија. Зборот Литургија значи „заедничко дело“, а зборот Евхаристиј...