Што означуваат мажите на Самарјанката?

Example Super-Admin User · 38 minutes ago

    11 minutes, 0 seconds

Што означуваат мажите на Самарјанката?

Свети Максим Исповедник

Прашање: Што означуваат петте мажи на самарјанката и шестиот, кој не ѝ е маж? (Јован 4,16-18)?

Одговор: Самарјанката и жената, која според (зборовите на) садукеите стапила во брак со седум браќа (Мат. 22,25-28), крвоточивата (Мат. 9,20), а исто така и згрбавената (Лука 13,11), ќерката на Јаир (Марко 5,22-23) и сирофениќанката (Марко 7,25) – (сите тие) се јавуваат и како природа на луѓето, и како душа на одредени луѓе, од кои секоја означува, соодветно страсно расположение, таа (заедничка) природа и (одделна) душа. На пример, жената на садукеите е природа или душа, која бесплодно сопостои со сите божествени закони, дадени од вековите, но кои не го примаат очекувањето на идните (богатства). На сличен начин крвоточивата е природа или душа, кои ја излеваат дадената им од раѓање сила за праведни дела и зборови, во страсна приврзаност кон материјалното. Сирофениќанката е онаа природа или душа на одреден (човек), која ја има буквално за ќерка мислата, која во очекување на епилептичен напад со мака се раскинува од љубов кон материјата. На ист начин и ќерката на Јаир е природа или душа, кои зависат од законот, но потполно умртвени како последица од неисполнувањето на неговите заповеди и неделатност во исполнувањето на божествените препораки. А згрчената жена е природа или душа, кои преку измамата од ѓаволот ја приклонуваат кон материјата сета сила на духовното делање. Самарјанката, пак, како и набројаните жени, претставува природа или душа на секој човек, кој живее без пророчки дар, буквално со мажи, со сите природи дарувани од законите; од нив пет се веќе умрени, а шестиот, иако жив, не бил маж по природа или душа, бидејќи тој не раѓа од нејзината праведност, која е залог на полното спасение.

Првиот закон, со кој завладеа природата, беше законот даден во рајот;

вториот – законот после рајот;

трет – законот, даден на Ное при потопот;

четврт – законот за обрезание, даден на Авраама,

петти – законот за принесување жртви, даден на Исаака.

Природата, добивајќи ги, сите ги отфрли, и тие загинаа во бесплодност во однос на извршувањето на добродетелите.

Имајќи шести закон, даден преку Мојсеја, (природата) беше како да немала било каков закон, бидејќи не вршела праведни дела, предвидени од него, поради тоа, што нему му претстоело да премине, како кај маж, кон друг закон – Евангелието, кое не било дарувано, слично на (претходниот) закон, на приодата човечка во овој век, туку, по Домостројот (Божји), беше дадено за воспитување на подобар и потаинствен. Поради таа причина, како што сметам, Господ ѝ вели на Самарјанката: „И овој кој го имаш, не ти е маж“. Бидејќи Он виде дека на човечката природа ѝ било потребно да премине кон Евангелието. Затоа и околу шестиот час, кога душата посебно се озарува од сите страни со зраците на знаењето како последица од доаѓањето кај неа на Словото, и кога сенката на законот исчезнува (во тие зраци, Господ) говорел со неа, која стоела заедно со Словото кај изворот Јаковов, т.е. кај изворот на созерцанија кои се однесуваат на Свештеното Писмо. Така во иднина нека биде раскажувано за ова.

Белешка:

Изворот на Јаков е Светото Писмо.

Водата е знаењето што го содржи Светото Писмо.

Длабочината е тешко разбирливата содржина на библиските таинства.

Црпалката е читањето на Божественото слово, кое не го имаше Господ, бидејќи самиот беше Словото и не им се даваше на оние кои веруваа во знаењето од читање и учење, туку им се дава на достојните од страна на духовната благодат вечна мудрост која никогаш не престанува. Бидејќи црпалката, значи учењето, земајќи мала количина знаење, го испушта поголемиот дел, бидејќи ниту еден збор не може да го задржи. Додека благодатното знаење ја има без читање целата мудрост на човекот, која блика на разни начини зависно од потребите“.

Превод од грчки и руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 567.313 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2025/05/18/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D1%82/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Двајца влегоа во храмот да се помолат…

ДВАЈЦА ВЛЕГОА ВО ХРАМОТ ДА СЕ ПОМОЛАТ… (Или: Човекот, кој ги презира своите браќа, не е способен да се моли!) Се сеќавам како дете, кога имавме бонбони, кога се засладувавме со нив, често пати ги вадевме од устата и ги стававме во џеб, со цел по некоја минута пак да ги ставиме во уста,...

Image Description
11 months ago

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено...

Image Description
4 years ago

Кој може да биде ученик Христов?! (Митрополит Наум)

Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 11:35) „Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече: ’Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик‘.“ Видете го денешново ев...