Свети Јован Златоуст: Воскресение и суд

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 10 seconds


97021СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ВОСКРЕСЕНИЕ И СУД

Да не мислиме, дека делата ни се ограничуваат само во пределите на земниот живот – да почнеме да веруваме, дека задолжително ќе има суд и награда за сите дела што тука го вршиме! Тоа е толку јасно и очигледно за сите, и за Јудеи, и за јазичници, и за еретици, и сите воопшто луѓе, се согласни со тоа. Макар и сите да не мислат како што треба за воскресението, меѓутоа, што се однесува, за судот, за казната, за горниот суд, сите се согласни со тоа, дека таму има отплата за тукашните дела. Ако тоа не би било така, тогаш, зошто Бог прострел толку величествено небо, ја послал земјата, раширил море, разлеал воздух, покажал толкава промислителност – ако не би сакал да има грижа за нас до крај?! Не гледаш ли, колку многу од живите доброволно претрпеле многубројни беди и го напуштиле светот, без да добијат нешто добро, а други, кои живееле тврдо нечестиво, кои украле туѓ имот, кои ограбувале и притеснувале вдовици и сираци, кои се насладувале на богатство, раскош и многу блага – отишле оттука, без да претрпат и најмало зло?! И затоа: кога првите ќе добијат награда за добродетел, а последните ќе понесат казна за нечестие, ако нашите дела се приклучат заедно со овдешниот живот?! Ако Бог суштествува, како што и навистина суштествува, секој ќе каже, дека тој е правосуден: ако пак е правосуден, следува да се согласиме, дека и на едните, и на другите ќе им се оддаде по достоинство. Ако Бог ќе даде по справедливост и на едните, и на другите, а никој од нив тука ништо не добил, јасно е, дека ќе настапи време, кога и добродетелниот и нечестивиот, ќе го добијат потребното – награда или суд.

Зошто Бог го поставил во нашите души постојано бодриот и судијата кој не спие – совеста? Не може да се најде меѓу луѓето судија – толку бодар и буден, како нашата совест. Надворешните судии и со пари се поткупуваат, и со измама се омекнуваат и од страв се снисходливи, и многу други причини уште има, кои ја изразуваат правдата на нивниот суд – меѓутоа, судот на совеста, на ништо подобно не се покорува: пари ли ќе почнеш да даваш, ќе измамиш ли, ќе заплашиш ли, друго ли нешто ќе вршиш – таа ќе ја произнесе својата праведна осуда над гревовната мисла и извршениот грев самиот себе ќе се осуди, макар и никој друг да не го обвинил. Тоа го прави совеста не еднаш, не двапати, а многукратно и низ целиот живот – и макар да поминало многу време, таа никогаш не го заборава стореното, но силно нè разобличува и при вршењето на гревот, и до неговото извршување, и по извршувањето! При самото извршување на гревот, ние сме исполнети од задоволство и не сме така чувствителни, но кога престапот е направен и свршен, тогаш, а особено по исчезнувањето на задоволството, настапува чувството на покајание. Поради тоа, ве убедувам да ја одбегнувате беззаконата алчност во нејзиниот почеток, ако ли пак ја прифатите, додадете ѝ ги и нејзините семиња во себеси; ако, пак, од невнимателност го допуштиме и тоа – преминатиот во дела грев, да го умртвиме со исповед, со солзи, со самоосудување.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/05/03/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%83%d1%81%d1%82-%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b5

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Јован Златоуст: Против забавите

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ПРОТИВ ЗАБАВИТЕ Може ли, да се истрпи? Може ли, да се поднесе? Во самиот ден на нашето искупување, во денот, кога човечкиот род доби спасение, вие не се засрамивте – ги посетивте срамните забави? На Велики Петок, кога твојот Господ е распнат за светот, кога се принесува таква ж...

Image Description
3 years ago

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздаден...

Image Description
3 years ago

Свети Василиј Велики: Постот

СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месе...