Свети свештеномаченик Валентин

Example User · 3 months ago

    2 minutes, 49 seconds


СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ВАЛЕНТИН, ЕПИСКОПОТ НА ИНТЕРАМНА ВО УМБРИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 14 ФЕВРУАРИ

(?-269; латински: Valentinus)

Свети Валентин[1] бил епископ во градот Интерамна, во областа Умбрија. Поради својот богоугоден живот, бил удостоен од Бога со дар на чудотворство, па повикувајќи Го името на Господ Исус Христос, лечел болни од најразлични болести. Во времето на управувањето на императорот Аврелијан, трите млади момчиња Прокул, Ефив и Аполониј, дошле од Атина во Рим за усовршување во науката, па се вселиле до домот на нивниот наставник Кратон. Синот на Кратон по име Хоримон, во една прилика си го повредил грбот, така што момчето не можело да се исправи. Три години се обраќал кон разни лекари, но никаде не нашол лек. На крајот, Кратон се досетил да го повика епископот Валентин, за да се помоли за неговиот болен син да оздрави.

Откако пристигнал во Рим, светителот се затворил заедно со момчето во една од собите, каде што заедно срдечно се молеле цела ноќ. Утрината младото момче излегло од собата потполно здраво. Веста за ова чудо набргу се раширила низ целиот Рим, па така, многумина почнале да преминуваат во христијанската вера, меѓу кои бил и Авундиј, синот на градоначалникот. Градоначалникот, пак, кој бил јазичник, целиот свој гнев го насочил кон светиот епископ. Властите започнале да го убедуваат епископот да се откаже од својата вера и да им се поклони на идолите. Откако не успеале во тоа, тие го затвориле во римскот затвор. Тука почнале да го посетуваат учениците на Кратон, кои исто така го примиле христијанството и се крстиле. Набргу, на свети Валентин му ја отсекле главата. По него пострадале и учениците на Кратон: Прокул, Ефив и Аполониј, а Авундиј сите нив чесно ги погребал при гробот на светиот свештеномаченик Валентин.

Свети Валентин денес е прославен како заштитник на градот Терни во Италија, како и на новобрачните, тешко болните и епилептичарите. Православната Црква неговиот спомен го прославува на 14 февруари според Јулијанскиот календар.

Освен свети Валентин, епископот на Интерамна (денешен Терни), во православната агиографија е запишано и името на свети Валентин Римски, кој маченички пострадал во римската провинција Африка. Култот кон овие светители бил развиен уште во IV век, зашто во овој период веќе биле подигнати две базилики во нивна чест. Едната била изградена во 350 година, во времето на понтификатот Јулиј II, на Фламиниевиот пат, каде, според преданнието, бил погребан свети Валентин Римски. Втората базилика била изградена во градот Терни, над гробот на светиот епископ Валентин Интерамски. Од папата Геласиј I бил востановен празник, во кој се слави споменот на двајцата светители, а тоа било на 14 февруари според Григоријанскиот календар. Токму овој ден, подоцна е почнат да се слави како ден на вљубените, за што не постојат историски основи за такво нешто. Идејата, пак, за да се слави празникот на двајцата светители со исто име како ден на вљубените, потекнува од една средновековна легенда од Франција и Англија, според која, светиот епископ Валентин извршувал тајни венчавки на вљубените парови. Според таа легенда, која подоцна како апокриф е вметната во житието на светителот, императорот Клаудиј II им забранил на своите војници да се женат во воени услови, за да не ја одложуваат воената обврска, туку во секој момент да бидат на располагање на државата. Свети Валентин не се согласувал со ваквата одлука на императорот, па затоа започнал тајно да ги венчава вљубените парови. Поради оваа своја активност, наводно, императорот го осудил на смрт. Значи, ова предание нема своја автентичност и основаност, туку истото се смета како легенда и апокриф.

Во 1969 година, при ревизијата на литургискиот календар на Римокатоличката Црква, свети Валентин Римски е исклучен од списокот на светителите. Во Православната Црква, овој светител се празнува на 14 февруари според Јулијанскиот календар.


[1] Валентин = силен, здрав.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2022/02/14/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

ЗА МАЈКАТА БОЖЈА

Кога некој би посакал одредено да му покажете во што се состои доблеста ќе ви кажам: гледајте во ликот на Пречиста Владичица Богородица, која ни го родила Спасителот, Кој со убавината е попрекрасен од сите синови човечки; во ликот на Владичицата, на која и било претскажано дека ќе стои од десната ст...

Image Description
3 months ago

БОГОЈАВЛЕНИЕ  –  Свети Григориј Палама

БОГОЈАВЛЕНИЕ   Свети Григориј Палама И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш мv ce отворија небесата, и го виде Духот Божји дa слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Kој е по Mojaтa воља”. (Maтej 3, 16-17) Голема и воз...