СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ
(640-717; Winnoc of Wormhout)
Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија, како и многу други тогашни деца, кои на континентот пребегнале во времето на саксонските напади. Од свети Бертан бил замонашен во манастирот во Ситје, па заедно со уште тројца сопатници, бил испратен да основа манастир среде Морини, во областа Вормхулт, во околината на Дункерк. По основањето на манастирот, тој бил поставен за прв негов игумен и им ја донесол Благата Вест на жителите на овој крај. Името на свети Винок фигурира во многу средновековни англиски календари. Најверојатно, во негова чест е наречено и местото Сает-Винов, во околината на Лоствитил.
Свети Винок во иконографијата е насликан како игумен, кој во своите раце држи мелница, а во подножјето има скиптар и круна. Околу него се сликаат црква и мост, а некогаш е насликан и заедно со свети Бертан.
Свети Винок е прославен како заштитник на мелничарите, а молитвено е повикуван од болните кои имаат треска, болните од грло и кога е сушен период.
Православната Црква неговиот спомен го прославува на 6 ноември според Јулијанскиот календар.
[1] Винок (древноанглиски) = победник.
Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/08/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%b8%d0%b3%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b