Таа жена го исполнувала во живот Евангелието…

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 13 seconds


Прашав една жена:
-Што правиш во животот, се бориш ли, се радуваш ли на својот живот?

Таа рече:
-Јас, баќушка, не правам ништо.

Зошто?
-Не се подвизувам како вие.

-Т.е. што правиш?
-Па, не правам ништо. Имам пет деца, ги пораснав но, не се подвизувам како вас. Ги носев на школо, седев ноќум кога беа болни, ги хранев наутро, ги изучив школи… Имено, такви некои мали дела, не правам големи дела.

Има луѓе, кои во секојдневниот живот, иако сами не го сфаќаат тоа, прават големи работи, кои имаат цел и смисла.

Таа жена го исполнувала во живот Евангелието и она, што го учат светоотечките книги, иако сама не го знаеше тоа.

На пример, некогаш таа се разбудила и мажот и почнал да ѝ приговара, но, таа пројавила трпение. И што таа правела во тој час?

Таа на дело ја исполнувала светоотечката книга, посветена на трпението, долготрепението, незлопаметењето.

Меѓу вас има луѓе, кои иако сами не го знаат тоа, преживуваат исклучителни работи од областа на верата. Тие не чувствуваат дека тоа, со што живеат е Божествено но, тоа дејствително е такво.

Бог-се наоѓа во твојата кујна, во собата, во она, што го правиш, доволно е да мислиш на Бога, во она што го правиш. Не треба да се остави сè и да се прави нешто друго.

На пример, да се обидеш да го дофатиш недофатливото и да речеш:

«Одев на бденија, на поклоненија, на Света Гора.» И на ова што го правиш, можеш да му придадеш смисла и цел и да го вложиш Бога во тоа.

Јас и реков на жената:
-Ти толку пати си седела ноќум, зарем тоа не е големо нешто!

Во школото кај што предавам, има една мајка, кај која заедно со мажот има, што мислите, коклу деца? 18!!! Поразително. Сите така реагираат, кога зборувам за тоа, сите се запрепастуваат.

Еднаш таа дојде на училиште да ја земе контролната на своето дете, која ја оценив со една петка. Затоа што, си велев себе си, каква оценка да му ставам на ова дете?

Кај може кутриот таму да чита, ако воопшто успее да јаде-додека таа ставила на последниот, јадењето на првиот остинало. Јас нему му ставав само петки и му реков:

«Не плаши се!» Тој беше добро дете.

И така, неговата мајка дојде, и јас бев во собата кај што ги проверував контролните. Ја повикав да влезе, ја затворив вратата и таа ја целиваше мојата рака. Јас ја земав незината рака и реков:
-Дајте ми ја малку вашата рака!
Таа не знаеше, што сакам, всушност ниту си претпоставуваше.Тогаш јас и ја целивав раката. Таа тука веднаш ја оттргна раката и рече:

-Баќушка, што вие правите? Вие сте свештеник!

Јас сум свештеник, добро де, а ти која си? Која си ти?

18 раѓања, 18 години-најмалку 18 години-да се стои ноќум покрај секое дете, затоа што првата година е тешка, и само првата, туку и втората а исто и третата и сите останати.

Нејзиното лице сјаеше, беше така светло, а таа воопшто и не знаеше каде се продваат козметички производи. Јас ви зборувам вистина, бидејќи таа живееше надвор од Атина и не знаеше, каде се продаваат козметички производи, никогаш не се украсувала-така таа говореше-и беше убава.

Таа ја пронашла смислата на животот, преку љубовта, жртвата, и убавината се појавила оттаму, од каде што и не очекуваш…“

 превод од руски: Маја Б.

Source: https://pokajanie.mk/2020/08/25/29068/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Кога доаѓа зрелоста?

Елефтериос Елефтеријадис, психолог Човекот созрева кога веќе им простува на своите родители. Кога ѝ простува на мајка си и на татко си, за сите оние грешки, кои било од незнаење, било од слабост ги направиле во неговото воспитување. Човекот созрева кога веќе може и му простува на братот. На сопругот...

Image Description
8 months ago

Ѓаволско празнување

Свештеник Јани Мулев Многумина со огорченост се сеќаваат на детските години, на празниците, бидејќи токму на Прочка, Велигден, Божик, за време на домашната слава, родителите како да полудуваат и од толку многу кавги и расправии исчезнува радоста од домот, и празникот наместо да биде славење, премину...

Image Description
8 months ago

Митрополит Антониј Блум - За светоста

Една од причините што светоста е непостојана, и што светоста на отците и на великаните на Духот во раното христијанство често ни изгледа толку многу далечно, е што сме ја изгубиле смислата за борба. Меѓу христијаните ретко се среќава сфаќањето на Црквата како Претстража на Царството, на маж и жена к...