Title : Владимир Лоски - ЗА ТРЕТОТО СВОЈСТВО НА ЦРКВАТА

Владимир Лоски - ЗА ТРЕТОТО СВОЈСТВО НА ЦРКВАТА

Example User · 3 weeks ago

    0 minutes, 7 seconds


monah.davablagosl.jpg

Ние веруваме во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква. Такво е христијанското предание за Црквата, предадено од отците, потврдено на Соборите, чувано во текот на вековите во христијанскиот свет.
Ниту еден верник никогаш не се посомневал во исповедањето на овие четири својства на Црквата, чија вистинитост тој ја чувствува со оној инстинкт на вистината, со онаа способност, својствена на секој син на Црквата, коишто слободно може да се наречат „вродени“ – со инстинкт или способност коишто се нарекуваат вера. И ние разбираме, или, во крајна мера, чувствуваме, можеби и не сосема јасно, но силно, дека Црквата без кое и да е од тие својства не би била Црква, и дека само хармонично единство на овие четири квалитети, исповедани во Символот на верата, ја искажуваат полнотата на нејзиното битие. Но кога треба да се формулираат и да се разликуваат овие својства, да се определи специфичниот карактер на секое од нив, ние често користиме премногу општи термини, коишто внесуваат нејаснотија, и на тие својства им придаваме еднакво значење и ги мешаме едни со други, иако во Символот на верата се точно определени. 


Ова најчесто се случува кога се обидуваме да го определиме третото својство на Црквата – соборноста (католичноста). Имено тука, како што чувствуваме, е затегнат јазелот на сите тешкотии. Бидејќи сè уште не постои сосема јасна определба на поимот соборност, ние неизбежно се губиме во измешани терминин коишто го обременуваат логичкото разликување на својствата на Црквата, или, пак, ако сакаме да ги избегнеме терминолошките тешкотии, запазувајќи ги правилата на логиката, разликувањето станува површно, случајно и вештачко. Но нема ништо поопасно, потуѓо за вистинското богословие од површната јаснотија до којашто се доаѓа на сметка на длабока анализа.


Очигледно е дека четирите својства на Црквата се наоѓаат во таква хармониска врска да, доколку се промени карактерот на едниот член, или тој сосема се елиминира, ќе се промени самиот поим Црква, при што ќе се измени и карактерот на другите нејзини својства. 


Навистина, невозможно е да си ја претставиме Црквата без својството на единството. За тоа апостол Павле им рекол на Коринтјаните, кај кои доштло до разединување: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Аполосов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов“. Па зар Христос се раздели? Дали Павле беше распнат за вас? Или во името Павлово се крстивте?“ (1 Коринтјаните 1:12-13) Без единството на Телото Христово, Коешто не може да се подели, не можат да постојат ни другите својства – светоста, соборноста, апостоличноста. Нема веќе Црква, туку има само разделено човештво – валилонски градители на кулата.


Црквата е незамислива и без својството на светоста: „Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети“ – му рекле на апостол Павле некои ученици од Ефес, коишто се крстиле со Јованово, покајно крштевање (Дела 19:2-7). Лишена од она што претставува извор и, истовремено, крајна цел на нејзиното постоење, Црквата веќе не би била Црква. Тоа не би било Тело Христово, туку некое друго мистично тело, тело лишено од духот, но кое сепак би постоело; препуштено на темнината на смртта, но сè уште чекајќи ја својата конечна судбина; такво е мистичното тело на Израилот, кое не го спознало остварувањето на ветувањата на Светиот Дух.


Црквата, исто така, не може да се лиши ниту од својството на апостоличноста, без притоа да се изгубат нејзините други својства, па и самата таа како конкретна историска реалност. Што би била Црквата без Божествената власт, дарувана на апостолите од Воскреснатиот Боогочовек (Јован 20:22-23) и пренесувана на нивните наследници до ден-денес? Таа би била, од една страна, призрак на „небесната црква“, бестелесна, апстрактна и непотребна, а од друга страна, таа би претставувала множество секти коишто се обидуваат да го возобноват „евангелскиот дух“ надвор од секоја објективност, осудени на произволноста на своето „слободно истражување“, на своите неконтролирани и неодредени духовни состојби.  


Ако единството на Црквата е засновано на тоа дека таа е Тело чија Глава е Христос (Ефесјаните 1:23), ако нејзината светост, „полнота на Оној Кој исполнува сè во сè, е од Светиот Дух; ако нејзината апостоличност се состои во силата на истиот оној Дух, Кого што Христос им го дарувал на апостолите, дувнувајќи во нив (Јован 20:22) и Кој се пренесува на нивните наследници, тогаш потценувајќи го или менувајќи го некое од тие три својства, ние ја менуваме самата суштина на Црквата.


Истото може да се каже и за соборноста.

Каква би била Црквата, доколку би можеле да си претставиме една, света, асостолска, но не и соборна Црква?

Штом ќе го поставиме тоа прашање, веднаш можеме да ја видиме огромната празнина: таквата Црква би била Црква без Вистната, без точното познавање на податоците од Откровението, без свесното и непроменливо искуство на Божествените тајни. Ако таа сепак го задржи своето единство, тоа би било единство на множество мненија, создадени од различни човечки култури и начини на мислења, единство коешто во својата основа ја има административната принуда или релативистичка едноличност. Ако таа Црква, лишена од увереноста во вистината, би ја запазила светоста, тоа би била несвесна светост – некаков пат кон осветување без благодатно просветление. Ако таа ја запази апостоличноста, тоа би била само слепа верност кон апстрактен принцип лишен од внатрешна смисла. И така, ние веруваме дека соборноста претставува неодвоиво својство на Црквата затоа што таа во себе ја има вистината. Може, дури, да се каже декак соборноста е квалитет на христијанската вистина. Навистина, ние говориме за „католичнa догма, „католично вероучење“, „католична вистина“, ,користејќи го често овој термин напоредо со терминот „сеопшт“, којшто му е мошне близок. Но, човек би можел да се запраша: означува ли соборноста просто сеопштост на вистината, проповедана од Црквата „во сета вселена“? Во извесна мера, тоа и е така: надворешно гледано, „соборноста“ и „сеопштоста“ се совпаѓаат. Но, ние сме должни да признаеме дека овие два термини (соборност и сеопштост) не се целосно синоними, без оглед на смислата во која елинската древност ја користела придавката katolikos (соборен). Етимологијата не секогаш може да послужи како сигурен раководител во областа на апстрактното мислење. Философот ризикува да ја изгуби вистинската смисла на поимот, доколку премногу се врзува за словесното изразување, а тоа уште повеќе се однесува аз богословот, кој мора да биде подалеку од поимот, зашто тој стои пред реалностите коишто ја превасходат секоја човечка мисла.    


За нас е апсолутно неспорно дека зборот „католичен“ (соборен) добило нова, христијанска смисла во јазикот на Црквата, којашто од него направила специјален термин којшто ја означува реалноста различна од онаа, којашто се поврзува со општоприфатениот поим „сеопшт“; „соборен“ означува нешто поконкретно, повнатрешно, неразделно од самото битие на Црквата. Навистина, секоја вистина може да се нарече сеопшта, но секоја вистина не е католична (соборна). Тој термин ја означува христијанската вистина, начин на познавање на таа вистина својствен на Црквата, учење коешто таа го формулира. Можеби „соборноста“ може да се разбере како „сеопштост“ во потесно и специјално значење на тој збор, во смисла на христијанска сеопштост? Тоа може да се дозволи, но со одредена напомена: терминот „сеопштост“ е премногу апстрактен, а соборност – конкретен.


Мненија или вистини коишто се нарекуваат „сеопшти“ – се мненија или вистини прифатени од сите, „општи“ за сите без исклучок. Совршено е очигледно дека христијанската соборност – сеопштост не може да се поима во таа смисла. Па сепак, понекогаш се обидуваат да ја поистоветат соборноста со распространетоста на Црквата низ целиот свет, меѓу сите народи во светот.  Ако таквата определба се разбере буквално, би требало да се прифати дека Црквата на учениците, собрани во горната соба во Сион на денот на Педесетницата, воопшто не била соборна и дека таа станала соборна дури во современата епоха, а и сега не е тоа во полна мера. Но ние сме цврсто уверени дека Црквата секогаш била соборна. Следствено, треба да се прави разлика меѓу фактичката соборност (христијанска заедница) и потенцијалната соборност, или христијанска сеопштост, сеопшт карактер на Црквата и на нејзиното благовестие, упатено до целата вселена, до сето човештво, коешто е должно да го прими, и коешто е должно да влезе во Црквата. Тоа е очигледно. Па сепак, ние чувствуваме извесна празнина кога се обидуваме во соборноста на Црквата да видиме само некаков потенцијален квалитет. 


Навистина, ако ја поистоветиме соборноста на Црквата со сеопштиот карактер на христијанската мисија, својствово на соборноста ќе мораме да го припишеме не само на христијанството, туку и на другите религии. Зачудувачкото распространувње на будизмот низ целата Азија, уништувачките победи на исламот биле можни благодарение на тоа што следбениците на тие религии имале јасна свест за светскиот карактер на својата мисија. Може да се зборува за будистички или муслимански универзализам, но дали некогаш овие религии ќе можат да се наречат „соборни“? Дали соборноста исклучиво ì припаѓа на Црквата и дали соборноста претставува нејзина основна карактерна црта? 


Ако е така, тогаш треба решително да се откажеме од простото поистоветување на поимите „соборен“ и „сеопшт“. Треба да се прави разлика меѓу „христијанската сеопштост“, фактичката сеопштост или потенцијалниот универзализам, од една страна, и соборноста, од друга. Првите се последица којашто нужно произлегува од соборноста на Црквата и неразделно се поврзани со неа (соборноста), зашто таа поседица не е ништо друго освен надворешен, материјален израз на соборноста. Ова својство на Црквата уште во првите векови на живеењето на Црквата добило назив „екуменизам“, од грчкиот збор oikoumenikos – (нешто) што се однесува на целата Земја, на сета вселена.


„Екумена“ во поимањето на древната Елада значело „населена земја“, познат свет, наспроти неистражените пустини, наспроти океанот, опкружен со „orbis terrarum“ (Земја, свет), населен од луѓе, а можеби и наспроти непознатите земји на варварите.


„Екумена“ во првите векови на христијанството претставувала, пред сè, севкупност на земјите од грчко-латинската култура, земјите на Средоземноморскиот басен, териториите на Римската империја. Ете зошто придавката екуменски (вселенски) станала детерминанта на Византиската империја, на „вселенската империја“. Бидејќи границите на империјата во времето на Константин Велики, повеќе или помалку, се совпаѓале со распространетоста на Црквата, Црквата често го користела терминот „екуменикос“. Тој им се давал како почетна титула на двајцата епископи на престолнините на империјата, на Рим и, подоцна, на „Новиот Рим“ – Константинопол. Но, со тој термин најчесто се означувале општоцрковните собори на епископите на вселенската империја. Со зборот „вселенски“ се означувало, исто така, и она што се однесувало на црковната територија во целина, наспроти сето она што имало локално, провинциско значење (на пр., помесен собор).


Тука треба јасно да се направи разлика меѓу „екуменизмот“ и „соборноста“. Црквата во целина се именува „вселенска, екуменска“, и таа определба е неприменлива на нејзините делови; но, секој дел од Црквата, дури и најмалиот, па дури и само еден верник, може да се нарече „соборен“.

(следува продолжение)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Друго:

loski.dogmatika.jpg

Извор:

TVITer270

П.П. 2009-01-26 13:51:44


Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/3360-vladimir-loski-za-tretoto-svojstvo-na-crkvata

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
4 months ago

За значењето на празникот Покров на Пресвета Богородица

 „Нема православно богослужение во кое Света Дева не се слави и велича како Приснодева и Богородица. Безбројни се Стихирите, песните за Неа, Молитвите упатени кон Неа… Секој збор на Црковната свест за Неа е молитва кон Неа, славословие за Неа… Господ Христос и Неговата чудесна Богомајка за моли...

Image Description
4 months ago

Преподобен Јосиф Исихаст: Оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова

 Благодатта секогаш му претходи на искушение, како едно известие за подготовка. Не е практика некој да се обиде и да се повлече, туку, кога некој се бори да победи, или да биде победен, да добие, или да загуби, да падне, или да стане, да има подвиг и борба до последниот здив. Се додека не излез...

Image Description
2 months ago

Он да е праведен, Он би нѐ претворил во пепел…!

„Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восо...