„Вниманието што jа бара молитвата, – ќе jа најде молитвата!“ – Добротољубие

Example Admin User · 11 months ago

    2 minutes, 9 seconds


23. Оној што сака да биде мисловно трезен, секој, а особено почетниот, потребно е, за полесно вежбање во молитвата, да живее безмолвно, во недоволно осветлена ќелија,

зашто, преку тоа, сосема природно, умот и мислите ќе се собираат некако во едно Кон ова што го кажавме досега, како кон најглавно, што е озаконето од големите свети оци, како што може да се види од приведените сведоштва за тоа како треба заедно со вдишуването, во нашето срце да Го воведуваме нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји, како треба да се молиме, спомнувајќи го Неговото свето и спасоносно име, како треба да размислуваме и да имаме духовна трезвеност;

како треба да бараме од Него милост за себе, ќе го додадеме уште и следново:

и секогаш, особено во востановеното време за молитва, секој што се труди да биде трезвен внатре – во своето срце, особено почетникот во монашкиот живот,

треба да се скрива во својата ќелија, тивка и неосветлена, како што заповедаат искусните духовни учители и отци во оваа божествена работа.

Бидејќи очниот вид и она што го гледаме, обично, jа расејуваат нашата мисла, а, ако сме се затвориле во безмолвие и во затемнета ќелија, како што рековме,

нашите мисли престануваат да се разбегуваат и да се умножуваат, а на тој начин, умот – и без да сака, малку по малку се смирува и се собира во себеси, како што пишува свети Василиј Велики:

„Умот, кога не е расејуван од надворешните работи и кога сетивата не се растураат по работите од овој свет, тогаш тој се враќа кон себеси.”

24. Главно, Господ Исус Христос му jа дава на умот нерасејаноста преку повикувањето на Неговото свето име во срцето со вера, а преку овој природен метод на слегување по пат на дишење, местото за молитва треба да биде осамено и неосветлено, како и сѐ друго што е потребно – што помага за успехот на сето ова Овој подвиг умот го извршува, главно, преку содејството на божествената благодат, при срдечно, чисто и прибрано повикување на Господа Исуса Христа, а не само преку природниот начин на слегување на срцето по пат на дишење или преку усамување на безмолвно и неосветлено место.

Ова никако!

Зашто, сето ова светите отци го пропишале само заради тоа што помага во собирањето на мислите, враќањето на умот од неговата обична расеаност – кон самиот себеси и сосредоточуване на неговото внимание, како што рековме:

А од овие собирања на мислите и сосредоточуване на вниманието се раѓа тоа што умот почнува да се моли непрестајно, чисто и нерасеано, како што вели свети Нил Синајски:

„Вниманието што jа бара молитвата, – ќе jа најде молитвата, зашто по вниманието, повеќе од што и да е друго – следи молитвата, за што треба најмногу да се грижиме” (гл. 179).

— Ете, како треба да jа гледаме сета оваа работа. И ти, чедо, којшто сакаш да живееш и да дочекаш добри денови, труди се да живееш според ова правило и овој духовен устав.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 5, Иноците Калист и Игнатиј Ксантопул: Поука на оние кои безмолствуваат

Source: https://pokajanie.mk/2023/12/06/37250/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Се бореше со луѓето а се радуваше со ангелите ╫ Св. Јован Златоуст за Свети Стефан

Да ја овенчаме пофалбата на Стефан со цвеќиња и да го опсипиме со рози и пофални песни. Самиот тој веќе се круниса со победничката награда на верата. Иако е напишано: И не плашете се од оние што го убиваат телото... (Мт. 10,28), приврзаноста кон телото тешко се надминува.

Image Description
11 months ago

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов-21.05

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов            Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воск...

Image Description
1 month ago

Крф – островот на свети Спиридон Чудотворец

   трет напис од серијата посветена на светиите од грчките острови Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верн...