За Постот

Example Super-Admin User · 11 months ago

    1 minutes, 16 seconds


 За Постот



Возљуби ја сиромаштијата Христова, за да се збогатиш преку неа духовно. Возљуби го прекрасниот пост, зашто е дело чесно и богоугодно.

 Постот е кочија, што вози кон небото. Постот ги раѓа пророците и умудрува законодавците. Постот – е внимателен чувар за душата и надежен сожител на телото. Постот – е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и ги изострува за подвиг во благочестието – тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието. Постот е доблест во одбраната. Постот изгаснувал сила огнена; постот затворал уста на лавови; постот ја воведувал молитвата на небото. Постот е мајка на здравјето; наставник на младоста; украс на староста и добар сопатник на патешествениците!

 Оние, кои постат, имаат тело чесно и душа скапоцена: постот го успокоил Лазара во крилото на Авраама – затоа, и ние да го возљубиме, за да го придобиеме Авраамовото крило!

 Да го избегнуваме раскошот и да не бидеме робови на пијанството – тие извори на блудството. Пијанството не Го прима Господа: пијанството Го отстранува од нас Светиот Дух!

 Постот – е благоустројство за градот, благочестие за пазарот, мир за домовите. Постот е грижа и претпазител на девството. Постот е пат кон покајанието и виновник за солзите – тој не го сака светот, ниту пак она, што е во него! Да не паѓаме во безволност, кога постиме, зашто во секоја Црква ангелите ги запишуваат имињата на оние, кои постат.

Постот е туѓ за злопамтењето – оние, кои ги држат во својата меморија огорчувањата и злото што им било направено, макар и да постат и да се молат, слични се на луѓе, кои црпат вода и ја налеваат во протурена бочва! Бог не ги прима молитвите на човекот, кој го помни злото на брата си. Нека биде слава и сила на Господа, сега и во векови.

Свети Ефрем Сирин


Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/blog-post_14.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

Во Црквата Христова нема мртви

 Во Црквата Христова нема мртвиВо Црквата Христова нема мртви: сите во неа се живи, па дури и бесмртни.Секој свет храм е и парче Рај на земјата. И кога сте внатре во храмот, веќе сте во Рајот. Значи, кога земјата ќе ве здроби со својот пекол, трчајте во храмот, влезете внатре и ете, вие сте во Рајот...

Image Description
8 months ago

Најголемата молитва...

 Најголемата молитва Мирот доаѓа од утробата Божја и ни се нуди. Тој секогаш го надминува умот и ги чува нашите срца.Тоа е, како што вели Свети Николај Кавасила: плод на сите човечки доблести и сета филозофија.Кога ќе добиеме мир, ги добиваме сите добра и немаме потреба.Затоа мирот е единствениот и...

Image Description
5 months ago

Тишината е злато...

 Тишината е злато Луѓето често мислат дека зборовите ослободуваат, дека тие се одговор на сите прашања и решение за сите проблеми. Но, зборовите можат да бидат меч со две острици - едната страна штити, а другата сече до срж.  Затоа треба да знаете кога да зборувате, а кога да молчите. Чувајте ги ваш...