Живејте во Христа деца мои!
Ние свештениците извршуваме многу Свети Тајни во нашиот свештенички живот. Наидуваме на случаи како венчавки кои воопшто не ги интересира Христос и прават ваква свадба за светот. Нив воопшто не ги интересира духовниот дел. Родителите ги крштеваат своите деца за името (што не е случај) без да се грижат за друго. Како свештеник ја извршуваш Светата Тајна и знаеш дека Христос е таму, но знаеш и дека луѓето не Го сакаат и тоа ти создава тага. Секако дека се молиме секогаш и за секого. За некого, Христос завршува заедно со венчаница, одело, црквата, а потоа ќе влезе во албум во плакар.
Има и парови чии круни ги допирате и знаете дека дошле во Светата Тајна од една и единствена причина. За Христа. Се сеќавам дека конкретно ми рекоа: „Сакаме да се венчаме за да го примиме Христос. Без друга причина“.
И се додека постојат овие парови ќе има надеж.
Живејте во Христа деца мои! Нека Христос ви го осветли патот на животот.
Отец Спиридон Скутис
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/07/blog-post_77.html