Зошто се благословува грозјето на празникот Преображение?

Example Super-Admin User · 4 years ago

    7 minutes, 36 seconds

Зошто се благословува грозјето на празникот Преображение?

Во местата каде што се одгледува грозје, постои обичај на празникот Преображение, верниците да донесуваат во црквите грозје од првата берба за да биде благословено.

Благословувањето на грозјето на Преображение се објаснува во богословските, антрополошките и космолошките димензии на овој празник.

Господ во „шестиот ден“ или „по осум дни“, по претскажувањето на Неговите страдања, „на висока гора… се преобрази пред нив (Петар, Јаков и Јован), и заблеска неговото лице како сонце, а облеките му станаа бели како светлина“.

Овој е Создателот на светот, но и господар на последните денови. Овој е лозата која „на небото има корен, а на земјата, пак, ластари – лоза обрезана по телото, но не во коренот – лоза по третиот ден обрезана, која го расцвета гроздот на воскресението“.

Нормално е со Преображението на Господ да се просветлува и прославува целиот свет.

Созданието се радува и го стекнува блесокот што го имаше при создавањето во времето. Поради оваа причина и созданието, одговарајќи славословно на овој дар и надеж, се обраќа кон неговиот Создател и Му благодари, но и Црквата на најсоодветниот празник на создавањето и на крајот, на обновата и на надежта, има обичај да го благословува светот и неговите почетоци, така уверувајќи нѐ дека обновувањето почнува од Бога, поминува низ природата и завршува во спасението на човекот.

Благословувањето на грозјето, на тој претставник на почетоците на светот, е едно литургиско дејство кое го нагласува – особено славословниот и благодарствен принос на материјата на земните плодови на нашиот Бог Создател на сѐ. Многу повеќе, кога овој лозов плод ни го дава виното, кое Христос го благослови во Кана, за да го нагласи преобразувањето во Христа на светот, но и ни го предаде на Тајната Вечера, како елемент, кој заедно со лебот, во часот на Божествената Литургија благодатно се онетленуваат, претворени во Господови „тело и крв“, Божествена евхаристија (=благодарност).

Освен тоа, благословувањето на грозјето ја нагласува потребата од постојано духовно плодоносие и преобразителен пат на човекот, како „да заблескаме на височината на добродетелите, и да се удостоиме со Божествената слава“ (стихови од службата на Преображение).

Професор Г. Скалци, „Εφημέριος“, септ. 2000, 11-14 стр.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 558.920 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2020/08/19/blagos-grozje/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Што е тоа петолебие

Што е тоа петолебие Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „Овој,...

Image Description
4 years ago

Отец Томас Хопко: Ако ги исповедаме своите гревови

Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушност, таа...

Image Description
4 years ago

Свети Јаков и неговата древна Литургија

Свети Јаков и неговата древна Литургија Денес го славиме споменот на светиот Јаков, син на Јосиф обручникот, од неговиот претходен брак со Соломонија. Јаков го гледаме на иконите, каде што е опишано бегството на Јосиф и Пресвета Богородица со малиот Исус кон Ег...