Кога ние се причестуваме на осуда! (Старец Сампсон)

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 44 seconds


ПОДГОТОВКА  ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

…Ако се повика свештеник да дојде во домот поради болест, тогаш секако се дава благослов. Најважно е следново: плашејќи се како од болест (тифус и други тешки болести), да не се причестиш на осуда co Светите Христови Тајни.

A токму од тоа ние се плашиме. Затоа не се грижиме.

– Нема подготовка?

– Работата не е во подготовката, ниту во читањето на правилото пред причестување, туку во состојбата на нашето срце и совест.

Еве кога ние се причестуваме на осуда: прво, поради својата дрскост, кога во нас гревот се зацврстил заради себеоправдување, лошо покајание на исповед, кога го анализираме гревот, но не го оплакуваме.

Самоанализата на исповед сѐ уште не е покајание.

И многу често ние co самоанализа ја покриваме исповедта и се трудиме лукаво да се извиниме и оправдаме себеси, наместо да го оплакуваме и осудуваме гревот.

Лошото покајание на исповед е тогаш кога без омраза кон гревот, без ветување дека ќе се чуваме од гревот и дека ке го оставиме. А оплакувањето на гревот пред Бога,
молејќи „Прости ми” -тоа ќе биде вистинска исповед.

Второ, непростување co срцето, според тоа, неоправдувањето co срцето и умот на оној кој нѐ навредил, соблазнил и искушувал. Кога имаме нешто против некого, а воопшто не сме загрижени поради тоа, се причестуваме на осуда.

Трето, ако нема омраза и проколнување на омилените страсти, на омилениот грев, а пристапуваме кон Светите Христови Тајни.

Четврто, невнимателност кон Самиот Господ Бог: непобожност, дрскост, гревовна смелост, маловерие и неверие – заради исполнување на прописите.

Кај нас тоа секогаш се случува.

Ќе дојде некој голем празник, и кај нас се востановил обичајот:

заради празникот пристапувам кон Светите Христови Тајни немајќи никаква ревност, ниту очистување на срцето.

A пo примањето на Светите Христови Тајни се враќаме помрачени, мрачни, тажни, а ниту самите не знаеме зошто.

А сме се причестиле затоа што така треба, затоа што тоа е обичај. Заради празникот!

И секогаш за свој суд и осуда.

Петто, свесно знаејќи го својот смртен грев, смртната навика, пред причеста ние само анализираме, но не се каеме и не даваме ветување дека ќе се поправиме, дека тоа ќе го избегнуваме и искорениме,

Ете тоа се тие пет причини кои ги имаме многу често кога се причестуваме за суд и осуда.

Можеме да ја замислиме положбата на ѓаконот и свештеникот кои мораат често да се причестуваат.

Како тој мора да се однесува, каков чист живот мора да води, колку мора внимателно и трезвено да живее за да ги помни овие пет причини за да не се причести co Светите Христови Тајни во помраченоста на својот ум и срце!

Се случува пo често и долготрајно причестување на суд и осуда да се појави кај нас невнимателност и рамнодушност кон Бога.

Биваме лишени од стравот Божји. Се лишуваме од усрдноста и ревноста кон Господа, се лишуваме од способноста да ги љубиме своите ближни, т.е. да им простуваме и да ги оправдуваме.

He да ги сожалуваме: сожалувањето не е љубов.

И токму тоа се главни показатели кога се лишуваме од благодатта на СветиотДух – кога се лишуваме од стравот Божји и побожноста, се лишуваме од љубовта кон луѓето кои нас нѐ опкружуваат, на кои ние никако не можеме да им простиме, ниту да ги оправдаме.

Тоа е својство на љубов, освен,

секако, потребата за верност и жртвеност.

Но пожртвувањето мора да биде од потребата на срцето, а не од законот.

Пожртвувањето е показател за љубовта.

Кога во нас ќе се всели потребата за пожртвуваност, несвесно, без да се принудуваме себеси на тоа – тоа е показател дека Господ нѐ посетил co таа љубов кон луѓето.

А без љубов кон луѓето нема спасение, незамисливо е спасението, исто како што не може да се спасиме без смирение на срцето.

Ете зошто монаштвото, пред сѐ, е начин на смирение: и пред Бога и пред луѓето, помлади и постари од нас, секако. Тогаш тоа е монаштво.

Се плашиме да се одвикнеме од омилениот грев, од омилената навика.

Доаѓа смртта: ox, ox – a ние не сме отстапиле од него, и така co таа омилена страст, co тој омилен грев ние заминуваме во вечноста.

А формално сме се исповедале!

Таквата исповед пред Бога нема никаква вредност. Само Тајните и молитвите на Црквата се оние кои имаат голема сила и моќ.

Имаше многумина починати. Ние добивме ваква вест: „Единствено што ми помогна беше тоа што имав елеопомазување;

и тоа ми помогна да ги поминам ужасите што ги имав овие триесет дена!” Тоа ние од тука го добиваме.

А имаше и ваква вест.

Еден архиереј се упокои и нѐ извести дека е во огнот и вели:

„Иако имав елеопомазување, тоа ми беше за осуда. Помогнете, помогнете!“ – и стана невидлив.

Мораше ова прашање да се решава во манастирот, пo трпезата на еден празник. Ги известија сите браќа:

„Ајде да помогнеме! Тој и тој архиереј е во неволја, тој е во огнот, тие и тие учествуваа во неговото елеопомазание и тоа му беше за осуда, ајде да помогнеме!”

Бидејќи не секое елеопомазание е од помош, но и мирјаните, луѓето се помазуваат за свое оправдување.

Ете во мојата пастирска пракса моите покојни парохјани се помазуваа, а потоа на некој начин на дваесеттиот или четириесеттиот ден ми се јавуваа во сон и секогаш ми даваа до знаење или отворено ми кажуваа:

„co помазувањето ми ги избришавте заборавените или непокаените гревови”, „само помазанието ми помогна, инаку ќе ме проголташе огнот”.

Световните луѓе се удостојуваат co таква чест за да нѐ известат нас на земјата и за да ни се заблагодарат.

Имаше една девојка, самоубиец. Се случи тоа во Борисоглебск. Откако ја погреба на гробиштата (таа се имаше обесено, Серафима), мајка ѝ трчаше пo црквите.

Но сите свештеници смирено одбиваа да ја погребат.

За жал, мајката не се сетила да им ги покаже документите од душевната болница.

А душевно болните, ако го завршат животот co самоубиство, ние мораме да ги погребеме.

Таа целата во солзи дојде кај мене. Седев дома, на никого не се покажував, бидејќи тогаш бев во доброволен прогон. Ѝ објаснив дека заборавила да им ги покаже на свештениците документите од душевната болница.

Ѝ реков: „оди кај тој и тој свештеник, покажи му ги документите и кажи му: морате, должни сте да го извршите опелото или ќе отидам да се пожалам кај епископот во Вороњеж!”

Ја погребаа. Тогаш таа дојде кај мене, девојката. Јас сум Серафима” – вели таа и секако се поклони до земјата.

Тоа беше дење, при дневна светлина, влезе преку прозорот.

„Кој си ти?” „Серафима”.

Направи поклон до земјата и си замина.

А потоа ѝ се јавила и на мајка си на сон и ѝ заблагодарила.

Колку е близок нашиот однос кон нив!

Колку е непосреден односот кон нив! Како да може co рака да се допре – толку близок.

Нам ни се чини дека тие се далеку од нас. Воопшто, тие се сосема блиску.

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Source: https://pokajanie.mk/2021/10/07/32997/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Бараме нешто од Христос или Го бараме Самиот Христос?

Митрополит Антониј Блум Икона на Христос Господ, копија на фреската од Протатон Бог е подготвен да остане потполно надвор од нашиот живот, подготвен е да го крене тоа како еден крст, но воопшто не е подготвен да стане едноставно еден дел од нашиот живот. Така, кога размисл...

Image Description
3 years ago

ЗА БОЛЕСТИТЕ….

ЗА БОЛЕСТИТЕ…. Исклучива заслуга на светоотечкото учење е своевидната концепција за полезноста на болестите. Што има полезно во страдањето? – во недоумица прашуваат многумина што првпат слушнале за ваков поглед на животот. И навистина, можеби луѓето најповеќе се плашат од смртта и тешките болести....