Монашката населба „Свето Преображение“ во Зрзе

Example User · 1 month ago

    2 minutes, 22 seconds


kalimero.mk zrze

Културниот комплекс „Свето Преображение” се наоѓа на 35 километри северозападно од градот Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана бигорна карпа врз чија горна површина е изграден средновековен манастирски комплекс со црква посветена на Свето Преображение.

Во рамките на систематските археолошки истражувања 2008 – 2009 година, кои ја опфаќаа јужната, источната и северната падина од бигорната карпа како и делови од горното плато на карпата се откриени остатоци од средновековна монашка наелба, при што со сигурност се евидентирани 48 функционални целини, именувани како испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски платоа и сл., како и делови од уште 17 објекти.

kalimero.mk zrze1

Сегментите од средновековната монашка населба се распоредени во седум нивоа/спратови, а врз основа на стратиграфските анализи и функционалните согледби се издвоени три основни етапи на егзистенција.

Со првата етапа со сигурност се поврзуваат тринаесет функционални целини, во најголем дел испосници, распоредени во горните сегменти од јужните, источните и северните падини од бигорната карпа. Треба да се напомене дека за конституирање на овие објекти се користени природните вдлабнувања – пештери во бигорната карпа, хоризонталните платоа оформени после експлоатацијата на бигорот во III – IV век, како и зарамнетите површини врз срушените објекти на доцноантичкото подградие. Хронолошкото детерминирање на оваа етапа во времето од доцниот IX до последните децении на XI век со сигурност го потврдуваат големиот број фрагменти од садова керамика чии аналогии во голем број ги следиме меѓу наодите од централните делови на Балканскиот Полуостров.

kalimero.mk zrze2втората етапа, хронолошки детерминирана во времето од раниот XII до првите децении на XIV век се поврзуваат десет функционални целини, како и делови од уште пет објекти, меѓу кои се и јужната пештерна црква, четири испосници со јасно издиференциран живеалишен простор и сегмент за ракоделие, пет тихувалишта на кат во внатрешноста на карпата и др. За оваа етапа од особено значење е конституирањето на комплексот на централната пештерна црква, кој, покрај црквата го сочинуваат: егзонартекс, три тихувалишта на кат и параклис. За градбените методи на оваа фаза е карактеристична употребата на внимателно обработени подни камени плочи.

Третата етапа, која хронолошки ја поврзуваме со почетната фаза од егзистенцијата на манастирската црква изградена врз горното плато од бигорната карпа, се карактеризира со понатамошната егзистенција на поголемиот дел од отпорано конституираните испосници, тихувалишта и комуникациски платоа, со тоа што кај работниот сегмент на испосниците следиме процес на усовршување на техничко – технолошките постапки на работа со јасно диференцирање на печки, огништа, работни платоа и сл. Според типолошко – хронолошките особености на наодите (садова керамика, фрагменти од фрески, монети, фреско – натпис, орудија, градежна керамика и сл. ), оваа етапа ја датираме во времето од третата деценија на XIV до последните децении на XV век од кога што следиме процес на нагласено напуштање на монашката населба врз падините од карпата и пренесување на содржините на просторот од горното плато на бигорната карпа.

Автор: Бранислав Ристески

Извор: http://off.net.mk/links/nabrzinka/31516

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/16256-monashkata-naselba-sveto-preobrazhenie-vo-zrze

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Како да Те воспеам Тебе, богатството на славата?

…Таа Самата ја образува границата меѓу создаденото и несоздаденото, и никој не може да дојде до Бог освен преку Неа и Посредникот роден од Неа, и ниеден од даровите Божји не може да биде даруван ниту на ангел ниту на човек освен преку Неа. (…) „Бог е среде неа; таа нема да се помести“ (Пс. 46,...

Image Description
4 years ago

Заедница на личности

a.Бездната ја повикува бездната Разликата меѓу суштината и енергијата во Бога ни дава можност да се упатиме во онтолошките размери на верата кои се откриваат во заедницата на љубовта со Бога. Патот на взаемната љубов е единствен и соборностен пат на богопознанието, кој ни е отворен со Божја иницијат...

Image Description
10 months ago

Анри Фабр: Јас во Бога не верувам, јас Го гледам

Жан Анри Фабр (1823–1915)Анри Фабр , славен француски ентомолог, научник кој го проучувал животот на инсектите, бил убеден христијанин и својата вера во Бога ја изразил во своите многубројни научни трудови, докажувајќи дека Бог постои. Еден свештеник кој ги читал неговите дела го запрашал нау...