НЕ ОТКРИВАЈ ЈА ДУШАТА ПРЕД СИТЕ

Example Super-Admin User · 4 weeks ago

    1 minute, 34 seconds


 НЕ ОТКРИВАЈ ЈА ДУШАТА ПРЕД СИТЕ

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.

- Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо!

Посоветувајте ме што да направам! Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол:

- Соблечи се гола и прошетај така низ градот!

- Полудевте ли?!

- Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.

- Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно.

Види кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го газе цвеќето со нозе. „Не фрлај бисери на свињите!“


Свештеномаченикот Даниил Сисоев  објаснува :

Што значи Евангелската поговорка: ,,не давајте ништо свето на кучињата и не фрлајте ги своите бисери пред свињи?“(Матеј 7:6).  Бисерите се верата, откровението Божјо, кое стана наше.  Оваа вера не може да им се открие на оние кои не сакаат да го спознаат Господа.  Има луѓе кои верата ја третираат со богохулење, кои не сакаат да ја знаат вистината, кои сакаат само да ја исмеваат.  Категорично е невозможно да им се каже на таквите луѓе за тајните на верата.  Лесно е да се утврди ова, ако некое лице ја исмева верата за време на разговор, тогаш разговорот со него мора да се прекине, велејќи истовремено дека го чека Божјиот суд ако не се покае.  Многу мисионери губат многу време во бескорисни разговори со богохулници.  Ова е грешка.






Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/06/blog-post_88.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 week ago

Платата на работниците се исплаќа на крај

 Платата на работниците се исплаќа на крајПлатата на работниците во Господовото лозје се исплаќа на крајот. Па дури и ако некој работи во Него од првиот час на денот, т.е. од младоста на својот живот, па дури и ако работи од третиот и шестиот час, т.е. од средината на својата возраст, и ако работи н...

Image Description
4 weeks ago

Недела на Самарјанката

Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Сонцето, кое е создадено, е толку добро, што преку него и со него материјалниот живот се раѓа на земјата во природата. Сонцето како ѕвезда и небесно тело од дамнина било согледувано од разни народи како главен услов за егзистенција на човечкиот...

Image Description
2 years ago

„Зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани.” (Омилии)

„Тогаш царот им рече на слугите: Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање co заби.” Тој самиот веќе беше си ги врзал рацете правејќи зли дела, и своите нозе самиот беше ги врзал, одејќи по патиштата на беззаконијата. Уште во овој живот сам...