НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ

Example User · 4 years ago

    7 minutes, 51 seconds


НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ

Во Неделата по Богојавление, евангелското зачало кое го прочитавме, нужно ни го поставува прашањето: Како може човекот да биде праведен пред Бога? Како може грешникот да постане праведен? Навистина, само Христос може да нè доведе во хармонија со светлината, но како да дојдеме до Христа? Патот е премногу едноставен, само ако се отповикаме на Христовиот повик: „Покајте се!“ (Матеј 4: 17).

Во покајанието заради гревот вклучено е и одвојувањето од него. Ние никогаш не би го отфрлиле гревот, ако не ја видиме неговата злоба; сè додека нашето срце не се одрече од гревот, во нашиот живот нема да се случи никаква стварна промена. Многумина од нас не успеваат да ја спознаат вистинската природа на покајанието. Многумина жалат затоа што згрешиле и надворешно успеваат да се променат, но тоа се случува само затоа што се плашат дека, заради своите лоши дела мораат да трпат. А тоа не е покајание во библиска смисла и Христос тоа не го бара од нас.

Токму заради неправилното сфаќање и применување на покајанието, многумина од нас грешат и затоа не ја добиваат помошта, која Христос посакува да им ја даде. Многумина мислат дека не можат да се доближат до Христа, ако прво не се покајат и дека покајанието претходи на прошката на гревовите. Мора ли грешникот да чека на покајанието, па дури после тоа да може да дојде до Христа? Смее ли покајанието да се издигне како препрека меѓу грешникот и Спасителот? Да се потсетиме на Христовите зборови: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Матеј 11: 28). Силата, која доаѓа од Христа, води кон вистинското покајание. Христос е извор на секој добар мотив и поттик. Единствено Он во човечкото срце може да всади одбивност кон гревот. Секоја желба за вистина и чистота, секое осведочување во нашата сопствена гревовност, е доказ дека Неговиот Дух делува во нашите срца.

Ако ние во нашите срца чезнееме за нешто подобро од она, кое овој свет може да ни го пружи, тогаш тоа чезнеење да го препознаеме како Божја порака до нашата душа. Затоа е потребна постојаната молитва да ни се даде покајание, да ни се открие Христос во сета Негова неизмерна љубов, во сета Негова совршена чистота! Ние можеме да си ласкаме самите на себе дека сме

чесни, морални и беспрекорни и можеме да си мислиме дека не мораме да ги понижиме своите срца пред Бога како обични грешници, но кога ќе нè огрее Христовата светлина, веднаш ќе видиме дека сме нечисти, ќе сфатиме дека нашите мотиви се себични, дека непријателството кон Бога го извалкало секое наше дело. Тогаш ќе сфатиме дека нашата правда е како валкана облека и дека само и единствено Христовата крв ќе може да нè очисти од стравотиите на гревот и да го обнови нашето срце според Неговиот лик.

Кога ние ќе ја согледаме својата грешност, не треба да чекаме за да се поправиме. Колку многу меѓу нас ги има оние, кои мислат дека не се доволно добри да пристапат кон Христа? Очекуваме ли дека ќе се поправиме со своите сопствени напори? Нам може да ни помогне само и единствено Бог! Ние не треба да чекаме на некое цврсто сведочење, на подобри прилики, на посвет карактер. Ние сами ништо не можеме да направиме. Мораме да пристапиме кон Христа токму вакви, какви што сме.

Но, никој од нас да не се залажува и да мисли дека Бог, во Својата голема љубов и милосрдност, сепак ќе ги спаси и оние, кои ја отфрлиле Неговата милост. Неизмерната тежина на гревот може да се процени единствено во светлината на Крстот. Кога луѓето тврдат дека Бог е премногу добар за да не ги отфрли грешниците, тогаш, насочете им го нивниот поглед кон Голгота! Токму затоа што не постоел друг начин за да го спаси човекот, затоа што без оваа жртва човечкиот род не можел да избега од срамната сила на гревот и повторно да ја обнови заедницата со светите битија, затоа што било невозможно повторно да земе учество во духовниот живот – ете токму затоа Христос ја презел врз Себе вината на непослушните и претрпел наместо грешниците. Љубовта, страдањето и смртта на Божјиот Син – сето тоа е сведоштво за страшната големина на гревот, а во исто време и објавување дека нема ослободување од моќта на гревот, ниту надеж во подобар живот, ако тоа не е направено преку себепокорување пред Христа.

Непокајаните понекогаш бараат изговор за своите постапки, огледувајќи се на оние, кои мислат за себе дека се христијани. И така, тие се служат со маните на другите, како изговор за своето сопствено занемарување на должностите. Но, гревовите и маните на другите никого не го оправдуваат, зашто Господ за пример не ни ги посочил делата и постапките на  грешниците. Христос, Божјиот Син, е наш вистински пример, па затоа оние, кои се жалат на неправичниот живот на таканаречените христијани, треба да го исправаат својот живот и да пружат благороден пример. Ако нивните сфаќања се такви дека христијанинот треба да прави толку возвишени нешта, тогаш, не е ли нивниот грев поголем? Зашто, тие знаат што е вистинското, а сепак, тоа не го прават!

Затоа, да се чуваме од двоумењето! Да не ја одложуваме одлуката  за отфрлање на своите гревови. Илјадници наши браќа и сестри згрешиле и останале изгубени за вечноста. Колку пати сме говореле за тоа колку е кус и несигурен овој живот, но таа страшна опасност, опасност која не се сфаќа сериозно, се крие токму во двоумењето дали да се покориме и отповикаме на Христовиот повик: „Покајте се!“, па така остануваме заглавени во гревот, зашто нашето двоумење токму тоа значи. На гревот, колку ние и да мислиме дека е мал и безначаен, можеме да му попуштаме само преку ризикување да бидеме изгубени за вечноста. Она, кое ние не го совладуваме, тоа ќе нè совлада нас и ќе ја предизвика нашата пропаст.

Адам и Ева се убедиле самите, дека еден таков мал гест, каков што бил посегнувањето и јадењето од забранетиот плод, нема да има така страшни последици, како што Бог ги предупредил, ама токму тој гест бил престап на Божјиот непроменлив и свет Закон, кој го оддалечил човекот од Бога и ги отворил вратите на смртта, па неискажливите страдања го преплавиле нашиот свет. Од век во век, од нашата Земја се издигнувале постојани лелеци на болки и сите творби заеднички стенкале и болно пателе од последиците на човечката непослушност. Дури и самото небо го чувствувало влијанието на човечката побуна против Бога. Голгота стои како споменик на една прекрасна жртва, преку која морало да се покае престапот на Божјиот Закон. Затоа, заради Голгота, да не мислиме дека гревот е нешто мало и безначајно.

Секој престап, секое занемарување или отфрлање на Христовата милост, во нас остава свои последици – го скаменува срцето, ја ослабува волјата, го затапува умот, и не само што нè прави помалку подготвени, туку нè прави и помалку способни да го слушнеме денешниот Христов повик: „Покајте се!“. Многумина од нас ја смируваат својата разбудена совест со помислата дека можат да се одвратат од својот лош пат кога ќе посакаат, дека можат да се играат со повиците за милост, но сепак остануваат трајно чувствителни кон нивното влијание. Многумина се убедени дека ќе можат да ја сменат насоката во својот живот, кога ќе се најдат во моменти на страшна криза. Но, тоа не е лесно да се оствари. Искуствата и воспитувањето во текот на целиот живот, толку темелно го формираат нашиот карактер, така што само малкумина посакуваат искрено и недвосмилено да го прифатат Христовиот повик за покајание.

Само еден недостаток во карактерот, само една грешна желба, ако упорно се негува, на крајот е во состојба да го уништи сето влијание на Евангелието и Неговите заповеди. Секое попуштање на гревот ја засилува одбивноста на душата кон Бога. Човекот, кој е упорен во своето неверие, кој е тапо рамнодушен кон Божјата вистина, го жнее она, кое самиот го посеал. Во сето Свето Писмо нема пострашна опомена против играњето со злото, од зборовите на мудриот човек дека грешникот „врските на гревот негов го држат“ (Изрек. 5: 22).

Христос секогаш е подготвен да нè олободи од гревот, но на тоа не нè принудува. Иако ние не сакаме да ја прифатиме Неговата милост, што уште Он би можел да направи? Ние самите себе се упропастивме со своето свесно и намерно отфрлање на Неговата љубов.

Во Светото Писмо уште ни е кажано: „Човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето“ (1. Цар. 16: 7) – на човечкото срце, кое е исполнето и со радост, и со тага, на срцето кое е немирно и тврдоглаво, во кое има премногу валканици и измами. Бог ги знае неговите мотиви, неговите вистински намери и цели. Затоа, да тргнеме кон Христа со својата извалкана душа, онаква, каква што навистина е. Да ги отвориме сите нејзини катчиња, за да може Бог да види дали сме на лош пат, па ако сме, да нè исправи и да нè извади на патот, кој води до вечноста. Да бидеме чесни кон самите себе, но да бидеме и сериозни и истрајни, зашто во прашање е нашиот минлив живот. Тоа е прашање кое мора да биде решено меѓу нас и Бог, и тоа за век и веков. Ако немаме ништо друго, освен лажна надеж, тогаш потонуваме во сигурна пропаст.

И кога ќе ја сфатиме сета трагедија на гревот, кога ќе ја согледаме својата вистинска состојба, да не се предаваме на очајанието.  Христос дојде да ги спаси токму грешниците. Ние не мораме да Го измириме Бог со нас, туку гледајте колку чудесна љубов е пројавена, Самиот „Бог го измири светот со Себе преку Христа“ (2. Кор. 5: 19). Со Својата нежна љубов Он ги повикува кај Себе своите заталкани деца. Ниту еден телесен родител не би можел да биде толку трпелив кон маните и грешките на своите деца, како што е тоа Бог кон оние, кои го посакуваат спасението. Ниту едни човечки усти досега не му се обратиле на човекот понежно, како Неговите усти. Сите Негови ветувања, сите Негови опомени се воздишки на Неговата неискажлива љубов.

Кога ѓаволот, во миговите на искушенија, нè убедува дека сме најголеми грешници, да ги насочиме нашите погледи кон Искупителот и да се потсетиме на Неговите подвизи и жртви. Во тие мигови да се потсетиме на настанот, кога Христос на Симон му поставил прашање за двајцата должници, кога едниот должел мал износ, а другиот голем кон својот господар. Господарот им простил на двајцата. На прашањето, кој должник повеќе ќе го сака господарот, Симон одговорил дека оној, кому повеќе било простено. Ние бевме и сè уште сме големи грешници, но Христос пострада на Крстот за и нам да ни биде простено. Доволно било на Својот Отец, а во наша корист, да Му ја изнесе заслугата на Својата жртва. Оние, на кои најмногу им е простено, најмногу ќе Го љубат и најблиску ќе стојат до Неговиот престол и ќе Го слават заради Неговата голема љубов и неизмерна жртва. А токму кога најцелосно и најправилно ќе ја сфатиме Божјата љубов кон нас, токму тогаш најдобро ќе ја забележиме злобноста и валканоста на гревот. Кога ќе ја видиме должината на скалата која е спуштена од небото до нас, кога барем делумно ќе ја спознаеме големината на жртвата која Христос ја направи за нас, тогаш нежноста и скрушеноста ќе бидат во можност да ги омекнат и нашите срца, за да можат да го слушнат, прифатат и да се отповикаат на вечниот Христов повик: „Покајте се!“. Амин!

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/01/29/%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-2/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Архимандрит Георгиј (Капсанис) Григоријатски: Болни луѓе, болно општество

Бесполезно е да веруваме дека промената на некои општествени уредби ќе донесе промена кај луѓето без покајание. Болниот човек го разболува општеството и болните општества уште полошо ги разболуваат луѓето. За да ги исцелиме општествените болести без да ја исцелиме личната

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

 За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020 22:10)Секогаш се чудам кога ќе видам дека луѓето, кои себеси се нарекуваат христијани, не ја сфаќаат основната христијанска вистина – најубаво кажана од преподобниот отец наш Јустин Ќелис...

Image Description
9 months ago

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид само двајца луѓе кои дошле во храмот Божји да се помолат туку ги има предвид сите луѓе кои застануваат пред Б...