Оној што се труди да се угледа на Бога – Преподобен Нил Синајски

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 14 seconds


72. Нема никаква полза за оние што се откажуваат од светот, ако не останат при својата одлука, туку одново отстапуваат пред помислите и често мисловно се враќаат кон она што го напуштиле, покажувајќи co тоа приврзаност кон она, од што се откажале, слично на Лотовата жена, која, обѕрнувајќи се назад, се претворила во солен столб, за да им послужи за вразумување на сличните луѓе.

Нашето често враќање кон она, од што сме се оддалечиле, нема сомневање дека ќе ги повлече назад оние што уште достатно не ја зајакнале својата добра навика;

ослабувајќи го на тој начин нашиот стремеж на напред, потполно ќе ги привлечат кон себе и ќе ги примораат да се вратат кон поранешните нивни лоши дела.

Старата лоша навика од тоа ќе се засили уште повеќе, а познато е дека навиката станува втора природа, а тешко е да се бориме co самата природа.

Погледни ја душата, која ги следи своите навики и како бива заробувана и оковувана од нив. Во Првата книга Мојсеева читаме:

“А тоа му рече на таткото свој: ‘Немој да се налутиш, господару мој, што не можам да станам пред тебе, оти го имам она што е кај жените обично'” (1. Мој. 31,35).

И душата, која долго време своето задоволство го наоѓала во земните уживања, седи врз нив, како на идоли; таа е прикована кон нив, така што не може, ниту сака од нив да се оддели.

73. Божјите свети луѓе бегале од градовите, бидејќи знаеле дека општењето co грешните развратни луѓе се одразува врз нив пострашно и од најстрашната заразна болест.

Пророкот Илија, напуштајќи ја Јудеја, живеел во Кармилската планина, која била ненаселена и полна co диви ѕверови.

И Елисеј, неговиот ученик, се угледал на својот учител, и го возљубил пустинскиот живот.

И свети Јован Претеча живеел во Јорданската пустина, хранејќи се co скакулци и co див мед, за покајание, како што не е можно да бидат задоволени телесните потреби.

А можеби и Мојсеј преизвестил нешто слично кога му дал на Израилскиот народ заповед да ја собира маната во толкава количина, колку што им била потребна за еден ден.

Co тоа било речено дека човековата грижа за храната треба да се ограничува само на еден ден.

Па и сите светии, “за кои светот не е достоен, ги напуштале населените места, “скитаа по пустини” (Евр. 11, 38), бегајќи од пороците на светот, кои имаат добар изглед, така што co силата на својот стремеж, како носени од речна матица, да не бидат повлечени од текот на погубниот светски живот.

74. Ние сме создадени богоподобни, според Божјиот образ, за во нас да ги запазиме особеностите на Оној Кој нѐ создал, а на оние, кои ќе нѐ гледаат, co нашиот совршен живот да им ги претставиме јасно особеностите на нашата богоподобност.

Бог вели:

“Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив” (Псал. 102, 8; Јоил 2,13) и ја запазува правдата.

Еве, какви се особеностите на Божјиот лик. Според нив се познава и душата, која се удостоила co богоподобноста и која се сродила co Бога.

Од љубов спрема Бога, откако се исполнила co богоподобните совршенства, иако сврзана co телото, душата ќе се зафати co низа трудови co цел да се исчисти, додека не успее да го добие она co што се одликува Божјата природа – добрината, долготрпеливоста, убавината и човекољубивоста. И тогаш таа се покажува малку помала од ангелите, но co слава и чест (Псал. 8,5).

75. Оној што бега од метежот на овој свет, не си дозволува да биде вознемируван од суетата на животот, бега од општењето co луѓе лекомислени и површни; поголемиот дел од своето време го поминува во својот дом во молитва, во проучување на Светото писмо, а за време на ретките излегувања од дома, него можат да го видат воздржлив, кроток, нераздразнителен, сочувствителен и братољубив.

И кој ваквиот човек нема да го нарече вистински Божји последовател, образ и подобие Божјо, осветлен co зраците на Божјата добрина?

Тој го покажува своето уподобување на Бога co јасното пројавување на добродетелите – привлечни како цвеќиња.

76. Еве, кои се карактеристичните особености на Бога и на човекот кој ревносно се труди да се уподоби на Бога:

спокојство, кротост, негневливост, незавидливост, добротворност, сочувствителност, заборавање на злото што му го направиле, љубов спрема доброто, добрина, почит кон сите, грижа за доброто на сите, општителност, услужливост, необичност.

Co еден збор, сѐ што го пројавува и Бог во изобилноста на Својата добрина Кој “го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните” (Матеј 5,45).

По ова се распознава оној што се труди да се угледа на Бога.

Пренесено од книгата ДОБРОТОЉУБИЕ Том II
Преподобен Нил Синајски

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/11/onoj-shto-se-trudi-da-se-ugleda-na-boga-prepodoben-nil-sinajski/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Ова е молитва...

 Ова е молитваСтарецот Самсон кажа:Молитвата носи спознание за Бога.Познавањето на Бога не се наоѓа во книгите со читање, туку со молитва, солзи, воздишки, многу кратки и многу мали молитви.Да, мора да научиме да се молиме со сите наши вени и со сите наши коски! Човекот оди кај Бог правејќи „излез“...

Image Description
7 months ago

Беседа од Архиепископот Стефан на свечената канонизација на Вишенските светии

Во продолжение ја пренесуваме беседата изговорена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, изговорена на денот на свечената канонизација на светите праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска. † Стефан, Архиеписк...

Image Description
2 months ago

Ајде да избереме: јаремот Христов или јаремот на сатаната?

  Ајде да избереме: јаремот Христов или јаремот на сатаната?  Зошто Бог дозволува казнување на човекот? Затоа што сака да го отстрани неговото уништување. Исто како што родителот го казнува синот кога е на погрешен пат. Го казнува за навреме да го заштити од претстојната катастрофа, која го демне кр...