ПОКЛОНИШТВО БЕЗ ИСПОВЕД НЕ ВРЕДИ НИШТО
Некои луѓе се оправдуваат да не одат на исповед затоа што не можат да најдат добар свештеник. Сето тоа се изговори.
Секој свештеник, штом ќе го облече епитрахилот, има Божествена власт. Ја извршува Светата Тајна, има Божествена благодат и кога ја чита разрешната молитва над покајникот, Бог ги измива од покајаниот сите гревови што ги исповедал со искрено покајание. Од нас зависи каква духовна корист ќе добиеме од Светата Тајна Исповед. Еднаш во мојата ќелија дојде човек кој имаше некои психички проблеми. Мислеше дека имам дарба на видовитост и дека можам да му помогнам ме праша: Што гледаш за мене. Му реков: Најди свештеник и исповедај се пред него и повеќе нема да пиеш лекови за смирување, кои те трујат. Ми рече вака: Во наше време нема добри свештеници, некогаш имало, а сега ги нема. Така луѓето доаѓаат кај мене од добрата наука за да добијат духовна поука, но воопшто не слушаат што им кажувам.
Ама што да се прави, џабе трошат пари за да дојдат на Света Гора.
Забележав дека ѓаволот смислил нова замка во која ги фаќа луѓето: ги тера да мислат дека духовно ќе напредуваат ако го исполнат даденото ветување, на пример, ако одат на поклоништво или во некое свето место.
Често се среќаваме со поклоници кои се заветувале да запалат голема свеќа во овој или оној манастир, или да закачат сребрен привезок на оваа или онаа чудотворна икона, одат на Свети места, таму закачуваат сребрени привезоци, се крстат театарски, ги бришат солзите што им доаѓаат на очите, задоволни од она што го прават. Но, во основа, не се каат, не се исповедаат, не си го поправаат животот и ѓаволот се радува на тоа.
Свети Пајсиј Светогорац
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/11/blog-post_16.html