Што се всушност ангелите и која е нивната функција? – Проф. м-р Борче Грамбозов

Example User · 2 weeks ago

    1 minute, 43 seconds


 

           Во заедничката светоотечка линија, целото создание (сè што постои) е икона на Троичниот Бог. Меѓутоа, во созданието постои еден таков редослед, за да учеството и резултатите во Божествените енергии на секој дел од созданието се различни (‘Ιωάννου Δαμασκηνοῦ, Έκδοσις ἀκριβής τῆς ορθόξου πίστεως 2, 4 PG 94, 868A). Фазите на создавањето започнуваат од светот на духовите. Тоа се умствените создадени битија кои догматската теологија ги нарекува ‘’ангели’’. Дефиницијата во Посланието кон Евреите на Свети Апостол Павле, ја изразува целта, но и функцијата на ангелите: «οὐχὶ πάντες εἰσὶ λειτουργικὰ πνεύματα εἰς διακονίαν ἀποστελλόμενα διὰ τοὺς μέλλοντας κληρονομεῖν σωτηρίαν» (Евр. 1, 14), што значи дека ангелите се функционални битија кои служат во делото на спасението. Се разбира оваа служба е во рамките на ерархиското вселенско тело.

               И ангелите се членови на ова тело. Ангелите се појавуваат и како чувари и тоа не само на секој човек пооделно, туку и на цели народи, читаме во Делата Апостолски 12, 15, но и во Стариот Завет кај пророкот Даниил, 10, 12-13. Православното предание ги чувствува ангелите близу животот на луѓето во сите нивни драматични животни случувања. Иако во Божествената икономија многупати се споменуваат ангели, нам ни се познати имињата на три архангели: Михаил, Рафаил и на Гавриил.

              Дионисиј Ареопагит во списот ‘’За Небесната Ерархија’’ (Περί τῆς οὐρανίας ίεραρχίας 6, 1 PG 3, 200D-201A), од собраните информации од Светото Писмо, прави една систематизација и ги сместува ангелите во три тријади, правејќи девет ангелски чинови: 1) Престоли, Херувими и Серафими 2) Власти, Царства, Сили и 3) Ангели, Архангели и Почетоци. Според Дионисиј Ареопагит, делото на овие ангелски чинови е светлопренесувачко. Една секогаш движечка ерархија на ангели ја пренесува одозгора – надолу непрекинливата несоздадена енергија која ја генерира Троичниот Бог.

            Така што, јавувањето на ангелите е во основа и Богојавување. Секое ангелско јавување или испраќање, какво што е испраќањето на архангелот Гаврил, е всушност органски израз на Богојавувањата, односно на самиот Бог.

(Извор: Фејсбук статус на м-р g)

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/19082-shto-se-vsushnost-angelite-i-koja-e-nivnata-funkcija-prof-m-r-borche-grambozov

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

РОДИТЕЛИ, НЕ ГИ ПРЕДАВАЈТЕ ДЕЦАТА ВО РАЦЕТЕ НА САТАНАТА! (Арх. Дамаскин)

Архимандрит Дамаскин ——————————— РОДИТЕЛИ, НЕ ГИ ПРЕДАВАЈТЕ ДОБРОВОЛНО ДЕЦАТА ВО РАЦЕТЕ НА САТАНАТА! (2) (Извадок од беседата на Рождество на Пресвета Богородица) „…Сè повеќе слушам и сè повеќе зема замав уште една лоша појава, за која сакам сега да зборувам, но најнапред, сите оние коишто ќе се пре...

Image Description
1 year ago

СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА

  СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА Архимандрит Јустин (Поповиќ)(беседа на Велики Петок изнесена во Сремски Карловци 1926 година)  Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти”...

Image Description
2 years ago

Иконата и нејзината смисла

- Иконата како сведоштво за фактот на Боговоплотувањето Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас Сум Господ, Бог твој (2Мојс 20,4-5). Овој стих, кој ја преда...