Свети Григориј Богослов: Совети кон Олимпијада

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 22 seconds


100529СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: СОВЕТИ КОН ОЛИМПИЈАДА

Ти го испраќам, ќерко моја, овој добар подарок: татковски совет – тој е најдобар дар. Олимпијадо, златото, примесено со скапоцени камења, не служи за украсување на жената. Царскиот образ не го поправај со срамни црвила; не ставај на своето лице друг погибелен образ. Црвените, златните, шарените и блескавите облеки остави ги на други, кои не се красат со светол живот. Ти погрижи се за целомудрието – за убавината што е достојна за восхит пред внатрешните очи. Добрите карактерни црти – тоа е најдобриот цвет за жената, која има вистинска, неизменета и достојна за прослава убавина. Пред сè, почитувај Го Бога, а потоа, својот сопруг – очите на твојот живот и раководителот на твоите желби. Него, единствениот, сакај го; единствено тој да го развеселува твоето срце; и тоа толку повеќе – колку понежна љубов има кон тебе. Под оковите на еднодушноста, негувај неразделна приврзаност. Не си дозволувај слобода, на каква може да те предизвика љубовта на мажот – внимавај на пристојност и умереност, зашто во сè е можно преситување. Откако си се родила како жена, не си присвојувај важност, својствена на мажот; не се фали со род, немој да се надменуваш со облеки, не се величај со мудрост. Твојата мудрост нека биде покорност на законите на сопружништвото, зашто јазолот на бракот прави сè општо меѓу жената и мажот. Кога мажот е раздразнет – прави отстапки; кога пак е изморен – помогни му со нежни зборови и добри совети. Колку и да си изнервирана, никогаш не го укорувај својот сопруг без мерка, зашто тој е твоето најголемо богатство. Не го суди за неуспех во неговата работа – тоа е неправедно, зашто по искушение често и добрите претпријатија не ја достигнуваат својата цел.

Не го фали пред својот маж оној, кого тој не го сака, со цел да го навредиш. Радостите и сите болки на мажот, сметај ги како свои – нека и грижите ви бидат општи, зашто преку тоа ќе расте вашиот дом. И твојот совет може да има место, но предноста припаѓа на мажот. Кога мажот тажи – потажи и ти малку со него, но соземи се бргу, добиј светло лице и развеј ги неговите тажни мисли, зашто за натажениот маж, најнадежно пристаниште е жената. Твое занимање нека биде фурката, волната и поучувањето во словото Божјо – грижата пак, за надворешните работи остави ја на мажот. Не излегувај често од вратата на својата куќа и не оди во места на народни веселби и непристојни собранија; таму и кај срамежливите испарува срамот, таму погледите се мешаат со погледи, а изгубувањето на срамот е почеток на сите пороци. Домот твој нека биде и град и шумичка. Биди високомудра, но не високоумна. Не трчај кон пирувања, на свадби и имендени, каде има пијанство, ора, смеа и занесен шарм – тие ги ослабнуваат целомудрените, како што сонцето го топи восокот. На твоите образи да нема ниту сладострасни движења, ниту гневни трепети. Своите уши краси ги не со бисери, а со навика да слушаат добри мисли – за лошите пак, стави им клуч. Ако имаш необуздан јазик – ќе те презира твојот маж. Не се предавај на нескротлива телесна љубов; но во секое време барај ги задоволствата на брачното легло; убеди го својот сопруг да ги почитува светите денови; биди образец за своите деца. Ако од мојата старост ти примиш каква и да е мудра и полезна мисла – ти заповедувам да ја запазиш во своето срце!

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/12/02/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2-%d1%81%d0%be%d0%b2

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Василиј Велики: Постот

СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месе...

Image Description
3 years ago

Свети Кирил Ерусалимски: Еретиците

СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕТИЦИТЕ Порокот ја подражава добродетелта, и плевелите се обидуваат да се наречат пченица – и по вид тие прилегаат на пченицата, меѓутоа, по вкус тие се изобличуваат од оние, кои умеат да ги разликуваат. И ѓаволот се преобразува во светол ангел, не за да се врати таму, кад...

Image Description
3 years ago

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат год...