За православното богослужение

Example User · 4 years ago

    1 minutes, 47 seconds


small-entrance

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика: директни стихови (прокимени), споредувања, мотиви, напомнувања, цел еден систем на изрази, символи, слики, земени од Библијата. Тоа е така, затоа што христијанското богослужение за своја основа го имало еврејското, кое се основало на библиското творештво. Потоа, христијанските химнографи своето творештво го црпеле од содржините на Библијата. Во таа смисла, клуч за разбирање на православното богослужение е токму Светото писмо. На пример, кога Богородица ќе се спореди со „капината што гори, а не согорува“, или со еврејскиот Храм, Светињата на светињите, ковчегот на Заветот итн., сево ова бара не само површно познавање на библиската содржина, туку и на нејзиното богословско и символичко значење.

Многу молитви се земени од самата Библија: песната на Богородица „Мојата душа Го велича Господа…“ (Лк 2), „Сега го отпушташ со мир, Владико“ (молитвата што Симеон Богопримец ја кажал кога Го зел малиот Исус). Освен тоа, книгата на псалмите, којашто првично и настанала како богослужбена книга во старозаветниот период, постојано се употребува во христијанската Црква.

Некои зборови:

Амин – така нека биде. Свечена потврда и израз на согласност и прифаќање. Секоја молитва народот ја запечатува со Амин.

Алилуја во слободен превод би било: Бог е овде, славете Го! Овој збор во себе ја открива самата суштина на богослужението, коешто претставува опит на Божественото.

Господи помилуј (грч. Кирие елеисон) има повозвишено значење, отколку Господи прости. Елеисон се поврзува со грчкиот збор елио – масло, кое во древноста, а и сега, се употребувало како лек. Така што, Кирие елеисон попрво би значело Господи исцели.

Премудрост е литургиски извик кој обично најавува значаен момент од богослужбата (на пример, пред читање на Светото писмо).

Мир на сите… И на твојот дух е краток дијалог меѓу свештеникот и собранието и претходи на важни моменти (пред Евангелие, Евхаристискиот канон, Причестувањето). Сè што примаме во Црквата ни е овозможено поради мирот што Христос го воспоставил меѓу Бога и човекот. Он е нашиот мир – вели апостолот за Христос. А Христос вели: мирот Свој ви го давам, но не како што светот го дава, туку вашето срце да не се плаши (сп. Во мир да се помолиме на Господа)…

(продолжува)

Source: http://mistagogia.mk/za-pravoslavnoto-bogosluzenie-1/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда

Нeдoстижни сe длабoчинитe на Бoжјoтo битиe, браќа. Нo Бoг ниту сoсeма сe скрил oд нас, ниту ни oткрил сè. Кoлку штo мoжe нашата нeмoќ да нoси, тoлку ни e oткриeнo, кoлку штo ни e пoтрeбнo за спасeниe, тoлку ни e oткриeнo. За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe и...

Image Description
5 months ago

Подвигот е ангел чувар на семејството

Подвигот е ангел чувар на семејството Архимандрит Филотеј Пароски (Зервакос) Подвигот е ангел чувар на семејството. Кога велиме подвиг, мислиме на литургискиот живот во семејството. Без Црквата не може да се сочува семејството. Сите од семејството треба да имаат...

Image Description
10 months ago

За свештеникот кој сакаше да се откаже од мантијата

Еден свештеник, кога учеше во Ризариевата Богословија во Атина, околу 1970 година, заедно со другите деца од школото, одеше кај отец Симон Арванитис, познатиот духовник, кој ги советуваше за идните планови во нивниот живот. Многу од тие деца станаа монаси на Света Гора, додека, пак, тој стана...