За Символот на верата - Како гласи Символот на верата?

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 25 seconds


66. Што е Символот на верата?

Символот на верата е учење за тоа во што треба да веруваат христијаните. Тој е изложен во кратки, но точни зборови.

67. Како гласи Символот на верата?

Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сè видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек;
И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И Кој се вознесе на небесата, и седи оддесно на Отецот;
И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Кој со Отецот и Синот е почитуван и славен, и Кој говорел преку пророците;
Во едната света, соборна, и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение, за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин.

68. Кога и од кого е создаден Символот на верата?

Учењето за верата кое ни е изложено во Символот на верата, нам ни е дадено на тој начин од светите отци на Првиот и Вториот вселенски собор.

69. Што е тоа Вселенски собор?

Вселенскиот собор е собор на пастири и учители на христијанската соборна Црква, кои, по можност, на Вселенски собор доаѓаат од целата Земја. Тој собор се свикува за утврдување на вистинитото учење и благочестивост помеѓу христијаните.

70. Колку вкупно Вселенски собори се одржани?

Вкупно се одржани седум Вселенски собори: I Никејски (325 год.); II Константинополски (381 год.); III Ефески (431 год.); IV Халкидонски (451 год.); V Константинополски (553 год.); VI Константинополски (680 год.); VII Никејски (787 год.).

71. Од каде потекнува правилото на одржување на Вселенски собори?

Правилото да се свикуваат Собори е основано врз примерот на апостолите кои свикале Собор во Ерусалим (Дела 15.). Освен тоа, како основа за свикување на Собори ни е и кажаното од Самиот Господ Исус Христос, Кој на дефинициите за Црквата им дал таква важност што оној кој ги нарушува се покажува како лишен од благодатта, како кривоверен. Кажи ѝ на Црквата, па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник (Мт. 18, 17). Начинот на кој Вселенската Црква ги искажува своите суштествени определеби е токму Вселенскиот собор.

72. Зошто се свикани Првиот и Вториот вселенски собор?

Првиот и Вториот вселенски собор на кои е составен Символот на верата, биле свикани заради следниве причини: првиот – за утврдување на вистинитото учење за Синот Божји, против лажното учење на Ариј; а вториот – за утврдување на учењето за Светиот Дух, против лажното учење на Македониј.

73. Колку правила (канони) се создадени на тие собори?

Првиот вселенски собор составил 20 правила (канони), а Вториот, пак, составил 7 правила (канони).

 

Извор:

http://koe.mk/za-simvolot-na-verata/

 

Друго:

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/20130-za-simvolot-na-verata-kako-glasi-simvolot-na-verata

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Историјата на манастирот Света Катарина - За блискоста и толеранцијата меѓу муслиманите и христијаните

 Во подножјето на Синајската гора, лежи една од најголемите христијански светости и најстариот манастир  на светот што е населен во континуитет – манастирот Света Катарина. Овој манастир опстојува повеќе од 1500 години во срцето на Синај, благодарение на една  древна  и контроверзна спогодба.Си...

Image Description
3 years ago

A залуден е сиот наш ум каде што е потребно видение…! (Омилии)

Светските статистики точно знаат колку милијарди луѓе живеат на Земјата денес. Од тие милијарди живи луѓе ниту еден не знае да каже што ќе се случи co светот на крајот од времето и што ќе стане co нас по смртта. И сите оние милијарди и милијарди човечки суштества кои живееја на Земјата пред нас исто...

Image Description
4 years ago

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИЧуден е патот на Божјите угодници и кога ќе сака Бог, тогаш и ги прославува    Чуден е патот на Божјите угодници и кога ќе сака Бог, тогаш и ги прославува. Сè е по волјата Божја, важно е ние да Го следиме, т.е. да соработуваме, да учествуваме во големиот...