За свети Павле Препрости (4/17 октомври)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 54 seconds


OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Преподобен Павле Препрости [„Св. вмч. Георгиј“, Старо Нагоричане, ѓаконикон]

Блажениот Павле имал дар на прозорливост. Во една прилика, влегувајќи во еден манастир, застанал покрај црквата и набљудувал со какви мисли влегувале луѓето во неа. Имало вечерна служба и сите влегувале во црквата со ведри лица и светли души, и со секого од нив радосно влегувал и ангелот пазител. Но, еден брат одел во црквата со мрачно лице, потемнета душа, опкружен од демони, при што секој го влечел при себе, а неговиот ангел пазител одел по него оддалеку, тажен и расплакан. Откако го видел тоа, светиот се ожалостил и многу тагувал за загубениот брат, од голема тага не влегол ни во црквата, туку седел надвор и плакал. Кога завршила црковната служба, сите браќа излегувале онакви како што и влегле, озарени со Божествена светлина. Преподобниот Павле го здогледал и оној брат што при влегувањето во црквата бил мрачен и потемнет, а сега неговото лице било светло како на ангел, благодатта на Светиот Дух го осенувала, ангелот пазител радосно го држел за рака, а демонот оддалеку ридал и не можел ни најмалку да му се приближи.

Забележувајќи ја оваа брза промена кај братот, блажениот се зарадувал, го сопрел и пред сите раскажал што видел, па го прашал оној брат за причината на оваа ненадејна промена кај него. А тој, гледајќи дека е разоткриен преку Божјо откровение, пред сите раскажал сè за себе:

„Јас сум многу грешен: многу години сè до денешниов ден поминав во нечистотија. Но, кога влегов во црквата, слушнав како го читаат пророкот Исаија, или подобро – Бог Кој преку него говори: Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; научете се да правите добро. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели (Ис 1,16.17.18). Откако го слушнав тоа, мојата душа се потресе, ми се отворија духовните очи и јас, согледувајќи ја својата беда и погибел, воздивнав во своето срце и Му реков на Бога: Ти, Господи, Си дошол во светот да ги спасиш грешниците, како што сега ми кажа преку Својот пророк; направи го тоа навистина со мене грешниот. Зашто, еве, ветувам дека отсега, со Твоја помош, не само што нема да правам никакво зло, туку ќе го отфрлам и секое беззаконие и ќе Ти послужам Тебе, Господи, со чиста совест; само Ти мене, што се каам, прими ме и не отфрлувај ме мене, што паѓам пред Тебе. Со вакви ветувања, продолжил тој, излегов од црквата, решавајќи во своето срце да не грешам (повеќе) пред Бога“.

Откако го слушнале ова, сите со силен глас Го прославиле Бога, Кој го прима секого што Му приоѓа со покајание.

Source: http://mistagogia.mk/sveti-pavle-preprosti-04-17-oktomvri/

Related Posts

Image Description
3 years ago

13. Недела по Педесетница – евангелие за лошите лозари!

Свето евангелие според светиот апостол Матеј Свето евангелие според светиот апостол Матеј   21:33-42 Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берењ...

Image Description
3 years ago

22. Недела по Педесетница – За богатиот и сиромавиот Лазар (17. 11. 2019)

Свето евангелие според светиот апостол Лука 16:19-31 19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. 20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова; 21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа о...

Image Description
2 years ago

Од Православниот календар – Подвигот на Преподобен Мојсеј Мурин

Преподобен Мојсеј Мурин Вистинскиoт христијанин ја избeгнува чoвeчката пoфалба. Нe самo штo ја избeгнува, туку има и вистински страв oд нeа. Св. Сава Пскoвски ги oставил и игумeнствoтo, и манастирoт, и дoбритe браќа вo манастирoт и пoбeгнал вo eдeн пуст прeдeл, самo да ја избeгнe пoфалбата oд луѓeт...