Секој ден е како мал живот
На секој ден гледајте како на мал живот. Не им придавајте важност на малите нешта, кој што кажал за вас, за другиот - тоа секогаш било така.
Ако некој те навреди нека биде за негова заслуга, ако некој те измами, те изневери, те разочара, Господ нека му прости, ние да продолжиме понатаму,
животот е скапоцен за нас да се справуваме со безвредни работи.
Не им замерувајте на вашите родители, деца, браќа и сестри, комшии, сите ние сме луѓе, сите грешиме, немојте да бидете повредени утре кога ќе ја изгубите таа личност и ќе сфатите дека малата плата, трошна куќа, лош збор, навреда и клеветите не ја покриваат цената на болката за личност која сте ја изгубиле поради тоа.
Не дозволувајте смртта да ве убеди во тоа, сакајте и почитувајте го човекот додека е жив.
Простете со срце, залечете ја раната и смирете ја душата, сè што ви треба е волја.
Верувај ми, човекот и твојата совест немаат цена.
Направете ги работите навреме.
Патријарх Павле
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/11/blog-post_17.html