Свети Јован Златоуст: Против забавите

Example User · 3 years ago

    1 minute, 54 seconds


100946СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ПРОТИВ ЗАБАВИТЕ

Може ли, да се истрпи? Може ли, да се поднесе? Во самиот ден на нашето искупување, во денот, кога човечкиот род доби спасение, вие не се засрамивте – ги посетивте срамните забави? На Велики Петок, кога твојот Господ е распнат за светот, кога се принесува таква жртва, кога рајот се отвора, кога разбојникот се спасува, кога клетвата се уништува, кога гревот се простува, кога омразата се прекратува, кога Бог се помирува со луѓето, кога, воопшто, сè се изменува – во деновите кога следува да се пости, да се славослови, да се благодари, да се моли и плаче, тогаш ти ја оставаш црквата, ја забораваш жртвата, се делиш од браќата, го презираш постот, постануваш пленик на ѓаволот – одиш да гледаш забави?! Зар не знаеш, дека самиот ти, откако ќе им повериш пари на своите слуги, сакаш од нив сметка и за последната лепта, исто така и Бог ќе сака од нас отчет за сите дни од нашиот живот, како сме го поминале секој ден пооделно? Што ќе одговориш – со што ќе се оправдаш? Старците ги посрамија своите глави, татковците се изложија пред своите деца, момчињата паднаа во соблазна, сите потонаа во безбожие – никој нема да згреши, ако ги нарече детеубијците заводници, кои ги убиваат невините и ги развратуваат возрасните! Ќе кажеш: каква безбожност има тука? Јас, пак, натажен, ти велам, дека ти си болен и не го чувствуваш тоа – не знаеш, дека ти си болен и не бараш лекар! Ти си исполнет со прељубодејство – сееш соблазна и прашуваш: какво безбожие?!

Не ли си ги слушнал зборовите на Христа: „Дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Мат. 5, 28)? Ќе ми приговориш: дека не гледаш со желба – како ќе ме убедиш во тоа? Кој не се воздржува од погледи и пројавува усрдие во набљудувањето – како може таков по такво гледање да остане чист? Зар твоето тело е камен – зар плотта ти е железо? Ти си облечен во човечка плот, која се потпалува и распалува побргу од сеното. Зошто ли, пак, зборувам за циркусот и театарот? Не се случува ли тоа често и по плоштадите? Ќе сретнеш жена и ќе се занесеш – а ти си седнал на високо и видно место, каде што има блудни жени со голи глави; кои се лишени од секаков срам и се облечени во златни облеки; кои ги прават нежни и соблазнителни телесните движења; кои пеат блудни песни и цитираат развратни стихотворби; кои произнесуваат срамни зборови и вршат непристојни работи; и ти, посетителу на сета таа развратност, вовлечен со очи, потопен во вообразба, по своја волја пленет, смееш да се извинуваш и да тврдиш, дека си чист и дека таму не испитуваш ништо човечко, ништо телесно?! Зар твоето тело е камен – зар твојата плот е железо!?

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/12/20/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%83%d1%81%d1%82-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2

Related Posts

Image Description
3 years ago

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат год...

Image Description
3 years ago

Црквата како заедница на Божјиот народ

ЦРКВАТА КАКО ЗАЕДНИЦА НА БОЖЈИОТ НАРОД Старозаветниот израилски народ бил праслика на Божјиот народ – новозаветната Христова Црква. Искупителниот подвиг на Спасителот Христос го поставил почетокот на постоењето на Црквата како ново човештво, како духовно потомство на праотецот Авраам. Со Својата Крв...

Image Description
3 years ago

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздаден...